срце од јајце

Срце од јајце за ведро секојдневие

Денот на вљубените е еден од поводите за да искажеме љубов некому, а ние би рекле дека секоја прилика во било кој ден од годината е исто толку убав повод за внимание и љубов. Лесно и брзо можете да направите срце од јајце кое ќе го разубави секојдневието и времето со саканите луѓе. Храна и љубов во едно!

Несекојдневниот оброк од срце од јајце се прави доста лесно и во неколку чекори, а ние ќе се потрудиме да ги објасниме со текст освен што имате можност да го погледнете и видео упатството кое најубаво кажува и објаснува. Уживајте во подготовката и во јадењето, и секако нека е на здравје!

Потребно:

  • јајце
  • празно тетрапак пакување од сок
  • ластичиња
  • дрвено стапче.

Подготовка:

  1. Ставете го јајцето да се вари и откако ќе зоврие водата оставете го 5-10 минути.
  2. Откако ќе се свари потопете го во ладна вода за да се излади.
  3. Потоа земете го празното пакување од сок, убаво измијте го и потоа со помош на ножица исечете го како што е прикажано на видеото.
  4. Изладеното јајце излупете го и поставете го во чистиот исечок од пакувањето, а потоа искористете стапче кое со помош на ластичиња ќе го прицврстите за исечокот.
  5. Оставете го да стои така барем 10 минути, а потоа погледнете го резултатот и слободно уживајте во вашето прекрасно срце од јајце.

Ви предлагаме да го подарите или сервирате на сакана личност, партнер, на блиските членови од семејството или на било кој што мислите дека ја заслужува вашата љубов!

Сподели: