Суви пиперки со урда 1

Суви пиперки со урда

Овој рецепт за суви пиперки со урда е стар македонски, па можеби сте го сретнале, можеби сте го пробале, а ние се потсетивме на него благодарение на Весна која во една прилика го сподели со нас.

Сувите пиперки се храна која е застапена скоро во секоја македонска куќа, а од она што сме слушнале можеме да потврдиме дека сме народ кој ги обожава пиперките и ги приготвува на безброј начини. Црвените пиперки имаат поволни ефекти врз нашето здравје, а за нивната корист може да прочитате тука. 

Суви пиперки со урда 2

Состојки:

  • суви пиперки
  • урда
  • лук
  • зачини по вкус.

 Подготовка:

  1. Најпрво урдата испржете ја со лукче, а потоа додајте и зачини по вкус.
  2. Сувите пиперки малку подварете ги и едноставно наполнете ги. Можете да изберете пиперки кои се лути или не, зависно од вашиот вкус.
  3. Наредете ги на кора тесто и испечете ги. Некои од нив може да ги покриете со парченца тесто и ќе имате чинија од тесто со пиперки и прекрасен вкус. Добар апетит!

Рецептот го испратил: Весна Рохр Анчева.

Ви препорачуваме да прочитате печени полнети пиперки со урда.

Сподели: