Сѐ за храна ви посакува среќна Нова 2020 година!

Заедно се дружевме цела година! Драги читатели, време е да прославиме за нов почеток и уште една убава година. Ние ви посакуваме многу здравје, радост, среќа и успеси во годината која е пред нас.  

Сигурни сме дека денес сте во „гужва“ и завршувате со подготовките за убавата новогодишна вечера, како и за празниците кои доаѓаат. Знаеме дека ќе приготвувате и вкусна храна, па ве покануваме убавите јадења приготвени со многу љубов да ги споделите во групата на Сѐ за храна. Изминатиот месец во групата многу членови сподели ја прекрасни креации од храна, божиќни колачиња, мафини, декорации… Им благодариме на сите и ви посакуваме со мир и среќа да ги дочекате празниците.

Среќна нова 2020 година

И пак би сакале да ја споделиме нашата насока за подобра Нова година. Запомнете, Новата година не е за менување на датумите, календарот и акциите. Новата година треба да биде ваш мотив за менување на насоките кон подобро, посветеноста, ставовите, верата, силата и фокусот. Заложете се и креирајте ја најдобрата Нова година во вашиот живот!

Новата година е како празна книга, а пенкалото е во вашите раце. Тоа е шанса да ја напишете најубавата приказна за себе.

Да ни е среќна и бериќетна Новата 2020-та година! Имајте среќни и весели празници со најблиските!

Ваша sezahrana.mk

Бидејќи и ние сме новогодишно ангажирани ви предлагаме да прочитате: Како треба да изгледа новогодишната трпеза?

Сподели: