Топлите денови се совршени за ова мезе! Ние ја испробавме оваа таратур салата со друштвото и ви гарантираме дека од сите доби чиста 10-ка! Одлично се вклопи како предјадење, а ако некогаш имате желба за полесна вечера, свежа и полна со зеленчук и хранливи материи, топло препорачуваме да ја испробате во оброк варијанта.
За подготовката ни беа доволни 15 минути, од почеток, па до сервирањето на трпезата. Радоста во очите на пријателите беше голема, па знаеме дека ако и вие ја споделите со своите или со најмилите од семејството, воодушевувањето нема да изостане. Еве како ја направивме.

Состојки:
- 1 краставица
- 4-5 гранчиња од брокула
- 200 мл павлака
- 150-200 мл јогурт
- 2-3 лажички од таратур микс зачинот од Рајска градина
- 6-8 јатки од ореви
- 2 -3 млади лукчиња, зависно од големината
- по желба може да додадете и благ буковец од Рајска градина
- 1 лажица масло
- сол по вкус.
Подготовка:
- Најпрво измијте ја и излупете ја краставицата. Потоа, исечете ја на лентички, а од нив исечете ситни коцки.
- Брокулата измијте ја и исечете ја на ситни парчиња, во слична големина со коцкичките од краставицата.
- Јатките од оревите, исто така исечкајте ги.
- Младиот лук, исчистете го, измијте го и исечкајте го, колку што можете поситно. Ако не сакате вкусот да е изразен, може да го изоставите како состојка.
- Претходно припремените состојки ставете ги во поголем сад и во него додајте ги павлаката и јогуртот. Измешајте со помош на лажица.
- Потоа следи зачинувањето. Прво додајте го таратур микс зачинот и повторно измешајте. Аромата и вкусот кој и ги дава на салатата се уникатни, па по желба може да го додадете и во поголема количина.
- На крај, додајте малку сол и масло, па повторно измешајте. Декорирајте со коцкички краставица, ситно сечкана брокула и јатка од орев, а дефинитивно препорачуваме да пробате и комбинација зачинета со благ буковец. Неодоливо е во секоја варијанта! Превкусната таратур салата е готова, нека е на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Велигденска урнебес салата со варени јајца, готова за 3 минути.
*Комерцијален текст.