Ова јадење е одлично за појадок, вечера или било кое време кога посакувате да јадете лесен оброк од кој нема да ви биде тешко во стомакот. Предлогот за тестенини со свежи шампињони и печеница е интересен за целото семејство и може да го подготвуваат и домаќинките кои не се многу искусни. Брзо и лесно, без да ви одземе многу време ќе имате супер оброк.
Состојки:
- 300 гр тестенини
- 500 гр свежи шампињони
- 120 гр печеница или сланина, свински врат или шунка
- 1 мала главица кромид
- 1-2 лажици магдонос
- 100 гр кашкавал
- сол, црн пипер и масло по потреба
За прелив:
- 3 јајца
- 250 гр кисела павлака
- путер и брашно за мачкање на тавата за печење по потреба
- 3-4 шери домати за декорација.

Подготовка:
- Во поголема количина посолена и зовриена вода сварете ги тестенините за времето кое е означено на паковањето, а потоа исцедете ги.
- Печеницата или сувомеснатото што ќе го изберете исечете го на лентички и малку пропржете го со малку масло. Оставете го на страна.
- Шампињоните исчистени и измиени исечете ги на тенки ливчиња.
- Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го со малку масло.
- Додајте ги печурките, зачинете ги по вкус и оставете ги да се динстаат додека течноста што ја пуштаат целосно испари. Додајте го и магдоносот, измешајте ги и оставете ги малку да се изладат.
- Кашкавалот ситно изрендајте го.
- Тавчето за печење намачкајте го со путер и посипете го со лебни трошки, а во меѓувреме вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.
- Јајцата изматете ги со вилушка, па додајте ја киселата павлака и повторно изматете ги заедно да се изедначат.
- Во погодна тава измешајте ги тестенините, печурките, печеницата и кашкавалот.
- Ставете ги во тавата за печење и порамнете ги. Одозгора со лажица рамномерно распоредете го преливот. На неколку места ставете ги шери доматите исечени на кругчиња.
- Ставете ги да се печат околу 20-25 минути и најдобро послужете ги топли. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.