Љубителите на овошјето и зеленчукот во овој период од годината се најсреќни. Изборот е многу поголем, вкусот на самaта храна прекрасен. Покрај помислата на летување и разни патувања, летото ни ги носи и овие прекрасни вкусови и задоволства кои во зимскиот период не можеме да ги ползуваме.
Здравото живеење oсобено во овој период од годината не мора да биде тешко. Еден од начините како наједноставно да ги запомните бенефитите од храната која ја внесувате е истата да ја сортирате по нејзината боја. Храната во бела боја како грав, карфиол, лук помага за јакнење на имунолошкиот систем. Овошјето и зеленчукот во црвена боја како пиперката, доматот или пак лубеницата дејствуваат превентивно при срцеви заболувања.
Различни витамини и хранливи состојки се адекватни за различни делови од нашето тело, што значи дека е потребна комбинација на храна со различни бои за да се добие вистинската доза на витамини.
Но, доколку сакате да ги консумирате сите различни видови на овошје и зеленчук секојдневно, ова може да стане предизвик кој бара многу планирање. Еден од полесните начини како да ја задоволите дневната доза на потребните витамини е ползувањето на течна храна. Особено популарни во последните години се смутињата бидејќи во нив можете да ги вклучите сите состојки кои ви се потребни, од зеленчуци и овошје до јаткасти плодови или пак мраз.
Грижата за сопственото здравје е наша должност, која сега е многу полесно да се исполни!
Ви препорачуваме да прочитате: 3 рецепти за смути – детокс, витаминско и имуно.