Како што сите имаме сѐ повеќе обврски, така бараме и размислуваме за креативни решенија кои ќе ни ја понудат удобноста, но и вкусните карактеристики на јадењата. Разгледувавме низ маркетите и имаме како предлог неколку топ зачини кои ги издвоивме за лесно и вкусно готвење, што посебно е корисно во летните денови.
Може да ве интересира: 4 најпознати зачини и нивната употреба.

Како најлесни опции предлагаме печење во рерна на месо и зеленчуци, затоа што со тоа не сте ангажирани над рингла и за тоа време може да правите нешто друго, или како друга пожелна опција по наше мислење е подготовка на скара.
Како и да изберете, ви предлагаме да ја разгледате новата палета на зачини од Рајска Градина и да уживате во вкусните јадења, имаат разни зачини, а ние во оваа прилика ќе ги издвоиме: зачин за помфрит, зачин за пилешко месо, зачин за јагнешко месо и тако зачинот.

Самите имиња кажуваат повеќе од доволно, па ќе знаете дека ако само го ставите месото во пекач и додадете малку масло, сол и од зачинот, ќе добиете фантастично главно јадење.
Или, ако сакате да направите совршено мезе од компири, може да ги исечете компирите на кришки или на кругови, а потоа доволно е само да нанесете малку масло или путер и да поросите од зачинот за помфрит за да имате совршено крцкаво мезе или прилог за чиста 10ка!
Ако немате многу време и сакате да подготвите вкусно јадење со мелено месо, дефинитивно ви го препорачуваме тако зачинот. Одличен е за во тортилји, за лазања, а зошто не и за подготовка на сармички, испробано превкусно е, многу лесно се вклопува. Освен тоа, многу убаво одговара и со мешункастите зеленчуци, на пример со грав или грашок. Како бонус информација за тако зачинот, а испробано безброј пати во кујната на Сѐ за храна, предобро одговара со пилешко месо и тоа, можете со стек или со претходно варени копани, па искинати на парчиња и зачинети со тако зачин. Одличен фил за тортилја или основа за салата. Пробајте ќе уживате!
А, кој е твојот омилен летен зачин? Кој летен начин на подготовка го обожаваш?
Ви препорачуваме да прочитате: Што е шарена сол и во кои јадења може да се вклучи?
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Текстот е овозможен од Рајска градина.