pridobivki od dinja

Топ 7 здравствени придобивки од консумацијата на диња

Сочна, ароматична и вкусна, дињата е супер летно овошје, кое освен што ќе ве освежи, ќе го нахрани вашето тело со витамини и минерали. Освен тоа, добра е за видот, ги намалува воспаленијата и што уште не…Ако е ваше омилено овошје, вреди да ги знаете здравствените придобивки од консумацијата на диња.

Претставува ризница од витамини

Дињата е богат извор на витамин А, а редовната консумација го намалува ризикот од катаракта и од макуларна дегенерација. Истражувањата покажале дека витаминот А е добар антиоксиданс кој превентивно делува против карцином. Освен витамин А, дињата е одличен извор на витамин Ц, кој е важен за имунитетот. Покрај тоа содржи калиум, растителни влакна, како и витамините од Б групата. Комбинацијата на растителни влакна и витамините Б, ја прават добра намирница која го урамнотежува метаболизмот на јаглените хидрати и го стабилизира нивото на шеќер во крвта.

придобивки од консумацијата на диња

Ги надополнува водата и електролитите

Ова е многу важно во топлите летни денови, кога организмот има зголемена потреба од вода и електролити, кои се губат со потењето. Дињата содржи електролити и шеќери кои во комбинација со големиот процент на вода ги намалуваат заморот од топлото време и ризикот од топлотен удар.

Го алкализира организмот

Дињата е прилично алкална, затоа што рН вредноста и изнесува околу 8,5. Тоа допринесува за алкализација на телото и елиминирање на киселите токсини од организмот.

Добра е за видот

Како што споменавме, дињата е посебно добра за видот. Тоа се должи на витамините А и Ц, кои се застапени во голем процент. Некои истражувања покажале дека консумацијата на диња, како и овошје и зеленчук со сличен состав може да го намалат ризикот од макуларна дегенерација за 36% (тоа е болест поврзана со стареењето).

Ги намалува воспаленијата

Дињата содржи фитонутриенти кои делуваат антивоспалително, а со тоа се намалуваат хроничните воспаленија во телото. Исто така, овие хранливи состојки, допринесуваат за подобра апсорпција на мастите и пренос на нервните импулси.

Го подобрува метаболизмот на инсулинот

Некои истражувања покажале дека дињата допринесува за спречување на брзиот раст на инсулинот во крвта. Исто така е докажано дека благотворно делува на бубрезите.

Делува антиканцерогено

Дињата е богата со антиоксиданси како бета каротин, лутеин, зеаксантин и криптоксантин. Тие антиоксиданси ги штитат клетките од оштетувања, а со тоа може да се превенира рак на дебелото црево, простата, дојката, белите дробови, панкреасот и ендометриумот.

Ви предлагаме да прочитате: Диња – супер овошје кое го помага слабеењето.

Сподели: