сируп од глуварче

Традиционален рецепт за сируп од глуварче

Глуварчињата се насекаде околу нас, а сите ние знаеме колку се тие лековити. Сега е нивната сезона, па искористете ги и направте лековит сируп од глуварче. На интернет забележавме дека многу наши пријателки го користат, па се консултиравме со нив како го прават и како го консумираат.

Лековитоста на глуварчето е огромна. Го стимулира апетитот, ги намалува мастите, а во народната медицина со векови се користи за пролетно чистење на крвта. Сирупот од глуварче помага против настинка, бронхитис, проблеми со усната шуплина и намалува главоболки. Има сладок вкус, па сигурно ќе ви се допадне.

сируп од глуварче

Состојки:

  • 500 цветови од глуварче
  • 3 литри ладна вода
  • 4 лимони
  • 4 портокали
  • 1 ½ кг кафеав или бел шеќер.

Подготовка и начин на употреба на сирупот од глуварче:

  1. Цветовите од глуварче темелно измијте ги, па прелијте ги со 3 литри ладна вода.
  2. Лимоните и портокалите ставете ги да отстојат 1 час во вода со сода бикарбона, па исечете ги на тенки парчиња. Парчињата овошје додајте ги во водата со глуварчиња.
  3. Водата со глуварчиња и овошје оставете ја да стои 24 часа, па процедете ја низ цедилка и стерилна газа, така што ќе добиете чиста и бистра течност.
  4. Во процедената течност додајте 2 кг шеќер и варете ја околу 1,5 час со повремено мешање.
  5. Готовиот сируп од глуварче соберете го во чисти и суви тегли додека е жежок. Од оваа количина на состојки треба да добиете околу 4 тегли сируп од 700 мл.
  6. Сирупот се консумира на утро по една мала чашка за ракија.

Ви препорачуваме да прочитате: Глуварче – достапен лек од природата.

Сподели: