Како идеја за појадок се баш супер! Кога ќе ги погледнете малите турски пити може да ви делуваат дека малку се тешки за подготовка, но всушност тука е задоволството. А ви припремивме и фотографија со упатство за тоа да е лесно.
Многу се штосни и несекојдневни, крцкави и со интересен облик. Ние би рекле да ги сервирате со чаша јогурт и да им се изнауживате во вкусот, а за идејата и убавото упатство и се заблагодаруваме на нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone.
Состојки:
- 500 гр тенки кори
- околу 150 мл масло
- 150 мл минерална вода
За премачкување и посипување:
- 1 јајце
- сусам
За фил:
- 300 гр свежо сирење (или меко сирење)
- 300 гр спанаќ
- 2 јајца
- 2 лажици павлака
- малку сол.
Подготовка:
- Прво припремете го филот. Сирењето изгмечете го, а спанаќот измијте го и ситно исечкајте го. Додајте ја киселата павлака и претходно изматените јајца со малку сол по вкус. По желба, питите може да ги филовате само со сирење, мелено месо, печурки и слично.
- На работната површина поставете една кора и попрскајте ја со мешавина од масло и минерална вода (2-3 лажици ќе биде доволно).
- Потоа соберете ја кората на средина и почнете со вртење во насока на стрелките на часовникот, додека се соберат сите краеви (како на фотографијата подолу).
- На средината ставете лажица до 2 од филот, па краевите кои се слободни преклопете ги преку филот и убаво затворете. На крај, целата питичка завртете ја од другата страна, така што страната која била на работната површина ќе дојде одозгора.
- Готовите турски пити наредете ги на плах и премачкајте ги со изматеното јајце, а по желба посипете и сусам. Печете на температурата од 200 степени, за време од 20-30 минути или додека станат крцкави. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Традиционална посна пита со праз без тегнење.