Фитонутриентот ликопен е чудотворен антиоксиданс 1

Фитонутриентот ликопен е чудотворен антиоксиданс со огромни лековити својства

Природата безброј пати ни покажала дека има решение за сите наши проблеми. Многу познати растенија со кои се среќаваме секојдневно, во себе кријат богата нутритивна вредност за која ние сеуште не знаеме доволно. Една од тие хранливи материи е фитонутриентот ликопен, чудотворен антиоксиданс кој има огромни лековити својства. Оваа моќна природна состојка ја има во огромни количини во доматите, но и во други црвени овошја и зеленчуци како што се лубеницата и папајата.

Ликопенот всушност е каротен, кој нема исто дејство како витаминот А. Тој исто така е познат и како растителен пигмент и е заслужен за црвената боја на доматите. Човечкиот организам сам по себе не може да го синтетизира ликопенот по природен пат, како ни останатите фитонутриенти, бидејќи тие имаат растително потекло. Затоа е од исклучителна важност е во секојдневната исхрана да се вклучат различни видови на растителни фитонутриенти.

Фитонутриентот ликопен е чудотворен антиоксиданс 2

Ликопенот ја регулира телесната рамнотежа

Како и останатите каротеноиди, ликопенот е нутриент растворлив во масти, па затоа тој подобро се апсорбира од страна на човечкиот организам кога се консумира со растителни масла како што е маслиновото масло. Ликопенот ги штити липидите, протеините и ДНА–та од оштетување. Со оглед на тоа што со современиот начин на исхрана се внесуваат и токсини кои може да предизвикаат многу здравствени проблеми, ликопенот претставува одлично решение, бидејќи има способност да ги инактивира токсините и слободните радикали кои може да ги оштетат клетките.

Ги чува внатрешните органи

Прилично голема опасност за човековото тело претставуваат и адитивите, па ликопенот ги штити нападнатите клетки на тој начин што го елиминира дејството на штетните супстанции. Овој фитонутриент помага и против габични инфекции, особено против кандида, така што го намалува нивниот раст и постепено ги уништува клетките на габичката.

Помага при малигни заболувања

Оваа чудесна состојка својата вистинска моќ ја покажува кога се во прашање тешки заболувања како што се малигните. Притоа, активно се спроведуваат многу истражувања со цел да се утврди дејството на ликопенот во борбата против малигните заболувања. Досега резултатите се повеќе од охрабрувачки. Едно истражување спроведено во Велика Британија дојде до заклучок дека ликопенот го блокира и намалува растот на малигните клетки при карциномот на дојка, на белите дробови, бубрезите и простата, како и во случај на ендометриоза. Покрај тоа, докажана е дирекната врска помеѓу зголеменета консумација на ликопен (во облик на доматно пире) со намалениот ризик од појава на карцином на простата. Исто така, треба да се напомене и неговата улога во борбата против ХПВ вирусот кој е главен предизвикувач на рак на грлото на матката.

Докажано е дека лицата кои редовно во својата исхрана го консумираат ликопенот, побрзо се опоравуваат од оваа вирусна инфекција, а со тоа го спречуваат и настанувањето на канцерогени промени на грлото на матката.

Совет плус: Важно е да се напомене дека покрај сите позитивни својства, ликопенот има и негативно влијание доколку се внесува во преголеми количини. Па така, позната е појава на ликопенодермија, состојба која ја зголемува пигментацијата на кожата. Оваа состојба не е опасна и исчезнува сама по себе за краток временски период.

Ви препорачуваме да прочитате: Јадете домати во неограничени количини! Подмладуваат, добри се за здравјето и не дебелат!

Сподели: