Црвените домати се моќна намирница која е богата со нутриенти, а може да се јадат свежи или да се припремат на разни начини. Има многу нешта на кои не сме обрнувале внимание, а добро е да ги знаеме за нив.
Доматите имаат одредени лековити својства. Тие имаат ниска калориска вредност, што е препорачливо во најголемиот број на режими на исхрана, а посебно кога станува збор за слабеење. Го зајакнуваат имунитетот и се добри за борба против инфекции.

Може да ве интересира: 7 брзи и летни салати со домати.
Покрај тоа, доматот е идеален природен лек при астма, екцеми и кардиоваскуларни болести.
Некои истражувања покажале дека доматот е најделотворен како сок, при што најизразени својства во овој случај се забрзување на метаболизмот и спречување на тромбоза.
Може да ве интересира: Домашен рецепт за домата (доматно пире).
Благодарение на ликопенот, ова растение се вбројува во најефикасните борци против канцерогените заболувања. Го штити телото од слободните радикали и од предвремено стареење.
Доматот е намирница која можете да ја консумирате во неограничени количини, без да имате нус појави (секако освен ако немате алергија) и е корисна и здрава храна која лекува.
Ви препорачуваме да прочитате: Домати – здрава храна и моќни чувари на здравјето.