Хидратантна маска од јаболка за лице

Секој од нас ја има слушнато познатата изрека „Едно јаболко на ден го спречува одењето на лекар“. Ова здраво овошје е богато со витамин Ц, витамин А и бакар кои се хранливи материи значајни за кожата. Токму затоа ви предлагаме да ја пробате оваа хидратантна маска од јаболка за лице, наменета за сечиј тип на кожа.

Витаминот С во јаболката помага да се обнови содржината на колаген. Колагенот овозможува еластичност на кожата, ги намалува брчките и ја одржува хидратацијата. Бакарот помага во производството на меланин. Дали знаете дека меланинот ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци на сонцето, па е познат како природен заштитник на кожата. Витаминот А помага за обновување на отштетната кожа и го поттикнува растот на новите клетки.

маска од јаболка за лице

Маска за лице со јаболка, млеко и жолчка од јајце

Состојки:

  • ½ јаболко
  • 1 лажица млако млеко
  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажица овесна каша по желба.

Подготовка и употреба:

  1. Во блендер ставете го јаболкото и добро миксирајте го за да добиете хомогена смеса. Доколку немате блендер изрендајте го, а потоа испасирајте го виљушка.
  2. Во блендерот додајте го млекото и продолжете со миксирање. Потоа додајте ја жолчката од јајцето. Штом состојките се соединат, маската е готова. Доколку добите многу течна смеса, додајте мелени овесни снегулки.
  3. Хидрантната маска од јаболка нанесете ја на чисто лице и оставете ја да делува за време од 10 до 15 минути. Потоа, лицето измијте го со млака вода и нежно избришете го со крпа.

Ви предлагаме да прочитате: Природен ботокс – маска за лице од три состојки.

Сподели: