Промените на времето и тоа како влијаат на здравјето и убавината на косата. Така, изложеноста на косата на студеното време, ветерот и ниските температури ја исушуваат и го поттикнуваат нејзиното опаѓање. Слично реагира косата и во летните услови, кога сонцето е многу силно и е изложена на надворешното влијае на топлината. Затоа, неопходно е редовно да се негува. Бидејќи ние ја обожаваме природната нега, ви предлагаме домашна хранлива маска против опаѓање на косата.
Се прави лесно, со помош на квасец, мед и млеко. Извојте малку време и нахранете ја и заштитете ја косата.

Состојки:
- 20 гр свеж квасец
- 1 лажичка природен мед
- малку топло млеко по потреба.
Подготовка и начин на употреба:
- Најпрво соединете ги медот и топлото млеко додека медот убаво се растопи и се соединат.
- Потоа додајте го квасецот, повторно промешајте и оставете го околу 20 минути за да нарасне.
- Косата треба да е претходно измиена и влажна, за да може да ја нанесете маската. Кога маската е готова, започнете со нанесување од кореност кон врвовите. Откако добро ќе ја измачкате целата коса, завиткајте ја со најлонска ќеса, па со крпа за да го олесните апсорбирањето на хранливите состојки.
- Косата треба да стои со маската најмалку 1 час, а потоа да се исплакне. Пожелба нанесете регенератор или балсам на врвовите и повторно исплакнете. Доколку имате проблем со опаѓање на косата, хранете ја косата 2 пати неделно, а во случај на превенција и негување доволно е да ја нанесувате еднаш неделно.
Ви препорачуваме да прочитате: Најстар лек против опаѓање на косата и за раст на нови влакна.