Б2 витаминот или познат уште како рибофлавин, е значен витамин кој има улога на антиоксиданс во организмот. Jа зголемува енергијата, помага за здрав метаболизам и го штити телото од штетните слободни радикали. Бактериите во цревата можат да го произведат во мали количини, но тоа не доволно за да се задоволат хранливите потреби. Бидејќи им помага на многу ензими низ целото тело, неговиот недостаток може да доведе до здравствени проблеми, па ви припремивме листа со намирници кои се хранливи извори богати со него и ја споделуваме заедно со уште неколку корисни информации во подолниот текст.
Витаминот Б2 игра важна улога во распаѓањето на протеините, мастите и јаглехидратите. Неопходен е за нормално функционирање на телото како целина, бидејќи е дел од повеќе ензими и флавопротеини. Тој е потребен за здрава кожа, коса, правилна функција на мозокот и е клучен фактор за снабдување на организмот со енергија.

Хранливи извори на Б2 витамин
Б витамините се растворливи во вода и не можат да се складираат во организмот. Затоа, неопходно е секојдневно да се внесуваат преку исхраната.
Витамините кои се растворливи во вода се транспортираат преку крвотокот и она што не му е потребно на телото се излачува преку урината и поретко се јавува хипервитаминоза. Најдобар начин да се обезбеди телото со витаминот Б2 е правилно балансирана исхрана од растително и животинско потекло. Овој витамин се наоѓа претежно во месото и збогатена храна со него, но исто така и во ореви и зелен зеленчук. А, најповеќе е застапен во:
- млеко
- јогурт
- сирење
- јајца
- немасно говедско и свинско месо
- месото од внатрешните органи (црн дроб)
- пилешки гради
- лосос
- збогатени житни култури и леб
- бадеми
- спанаќ.
Што се случува при недостаток на Б2?
Недостатокот на витамин Б2 во организмот предизвикува болести на гастроинтестиналниот тракт. Зголемената потрошувачка и потреба за рибофлавин, се јавува кај заразни фебрилни заболувања, болести на тироидната жлезда или при карцином. Најчести симптоми кои се јавуваат поради недостаток на Б2 витаминот се:
- испукани усни
- воспалено грло
- оток на устата и грлото
- отечен јазик (глоситис)
- губење на косата
- осип на кожата
- анемија
- катаракта во тешки случаи.
Одредени групи на луѓе имаат проблем да добијат доволно рибофлавин (Б2 витамин):
- Вегани/вегетаријанци поради помал внес или целосно исклучување на млечни и месни производи.
- Бремените жени, особено кај оние кои консумираат малку млечни производи (нетолеранција на лактоза) или месо, како резултат на зголемените потреби на хранливи материи со растечки фетус.
Суплементацијата со витамин Б2 може да помогне за да се обезбеди доволна количина на рибофлавин во организмот.
Од додатоците кои се достапни кај нас го препорачуваме витаминот Б-2 од Now Foods. Има повеќе полезности меѓу кои:
- превенција на мигрена
- при улцерозен стоматит
- за одржување на физичката кондиција на врвните спортисти
- го зајакнува имунолошкиот систем
- ја поттикнува концентрацијата
- ги превенира кожните заболувања (акни, дерматитис, егземи)
- го подобрува видот и го ублажува заморот во очите, превенција од катаракта и глауком.

Повеќе информации за Б-2 од Now Foods, прочитајте на веб страницата на Тримекс. Овој додаток во исхраната може да се набави од сите поголеми аптеки или на онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Ви предлагаме да прочитате: Витамин Б-2 против главоболка и анемија.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст