Заедно сме посилни! Сѐ за храна се приклучува кон повикот на Јасмин и медиумски го поддржува хуманитарниот Велигденски базар кој ќе се одржи на 25 Април во Битола.

Здружението на граѓани за советување, поддршка на лица со карцином или лица кои се излечиле „Јасмин“- Битола објавува повик до сите заинтересирани фирми и поедници за учество на Велигденскиот базар кој ќе се одржи на 25 Април, четврток од 11 до 13 часот на плоштадот Магнолија. Средствата ќе бидат наменети за помош на лица кои се соочуваат со оваа болест. За учество контактирајте ги Јасмин, a повеќе информации следете на настанот на Facebook.
Од „Јасмин“ велат не треба да заборавиме дека Битола е град со 2400 лица заболени од карцином и затоа повикуваат –„Заедно во борбата против карциномот!“
Споделете го линкот, посетете го настанот и вклучете се! Заедно сме посилни, нели?