Целосна програма за отстранување на целулитот 1

Целосна програма за отстранување на целулитот

Да се има целулит е нешто нормално, но само оние кои го имаат знаат што значи тоа за самодовербата на една жена. Прочитајте неколку совети како да си помогнете за полесно отстранување на целулитот.

Го имаат дури и најслабите манекенки и славни девојки. Целулитот или како што уште се нарекува „кожа од портокал“, се појавува кај 90% од жените, а поретко кај мажите. Освен на задникот, бутовите и нозете, може да се појави на стомакот и рацете и претставува причина за намалување на самодовербата кај повеќето жени. Иако експертите тврдат дека е невозможно целосно да се ослободите од целулитот, сепак се сложуваат дека со правилен микс од исхрана, вежбање, масажи и кремови може да се сведе до минимум.

Целосна програма за отстранување на целулитот 2

Што треба да знаете за исхраната? 

Мрсната храна, благото и калоричните ужинки му одат во прилог на целулитот, додека водата, овошјето и зеленчукот го забрзуваат метаболизам и помагаат во согорувањето и намалувањето на масните наслаги. Исто така, избегнувајте ја и солта, која придонесува за создавање на целулитот.

Колку течности е добро да се внесува?

Зголемете го внесот на течности. Пијте што е можно повеќе вода и по можност во неа исцедете лимон или портокал. Една до три шолји зелен чај, се одличен избор во битката со целулитот.

Избегнувајте пресолена и презачинета храна

Солта има способност да ја задржува водата што е една од основните причини за појавување на целулитот.

Бидете секојдневно физички активни барем 30 минути

Со цел поттикнување на метаболизмот и подобрување на излачувањето на токсините, мора да сме редовно физички активни. Телесна неактивност, а особено целодневното седење овозможуваат идеални услови за формирање на целулитот.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 причини кои доведуваат до појава на целулит.

Сподели: