Цимет - Сѐ што не сте знаеле за придобивките, рецепти и препораки за употреба

Цимет – Сѐ што не сте знаеле за придобивките, рецепти и препораки за употреба

Цимет е зимзелено дрво кое потекнува од Шри Ланка и во стариот Египет, каде го користеле за балсамирање е спомнувано уште од 2800 година п.н.е. Поради големата вредност бил споредуван со златото. Тој е зачин кој е познат по својот широк спектар на лековити дејства што е една од основните причини за негова употреба како дел од исхраната веќе неколку илјади години наназад.

Здравствени придобивки од цимет, рецепти и препораки за употреба

  • Високата содржина на растителни влакна го прави одличен при дијареја, остипација, проблеми со варење на храната, подуеност и гасови.
  • Циметот ја подобрува циркулацијата и затоа е користен кај пациенти со артериосклероза и проблеми со слаба циркулација и ладни екстремитети.
  • Исто така е одличен сојузник во борбата со високата концентрација на шеќер во крвта кај пациенти со дијабетес од тип 2.
  • Фактот дека го забрзува метаболизмот го прави одличен при диети и сојузник на намалувањето на телесната тежина. Применувајте го следниот рецепт и ќе забележите резултати: 1 кафена лажица цимет измешана со 250 мл вода секое утро помага да се намалат 2 кг месечно.
  • Познато е и лековитото дејство во борбата против грип и настинка. Препорачан рецепт е следниот: половина лажичка цимет и една лажичка мед 2 пати дневно ќе ве ослободи од симптомите на настинка и кашлица.
  • Циметот е силен борец и против целулитот. Засегнатото место премачкајте го со мешавина од цимет и антицелулитен крем. Потоа завиткајте со најлонска фолија и оставете да делува неколку часа. Ќе се зачудите колку вашата кожа е мазна и мека.
  • Меѓутоа, не претерувајте со консумација на цимет. Се смета дека максималната дневна доза е 1 лажица цимет и истиот не се препорачува да биде консумиран во голема мера од трудници.
Цимет - Сѐ што не сте знаеле за придобивките, рецепти и препораки за употреба

Циметот има корисно дејствува исто така при следните состојби и заболувања:

  • Алергиски ринитис
  • Артритис
  • Болести на забите и устата
  • Болки во желудникот и гастритис
  • Вагинални и вирусни инфекции
  • Главоболки
  • Габични и бактериски инфекции
  • Дебелина
  • Губење на косата
  • Дијабетес
  • Губење на сексуалниот нагон и импотенција
  • Исцрпеност и умор
  • Карциноми
  • Лоша циркулација и памтење
  • Нервна напнатост
  • ПМС

Сподели: