Имате сребрен накит, но тој веќе потемнел со текот на времето? Можеби сте разочарани дека сте потрошиле пари, а накитот постепено се „уништува“ пред вашите очи. Време е за темелно чистење со сода бикарбона!
Дали знаете зошто ги применуваме и препорачуваме природните начини за чистење и одржување на домот? Тие се едни од најпријателските начини за околината и немаат штетно влијание врз растителниот и животинскиот свет. Плус тоа се ефикасни и ќе ви заштедат пари.

Чистење на сребрен накит со сода бикарбона
Со текот на времето се јавува потемнување на среброто. Затоа, се препорачува повремено чистење и враќање на првобитниот изглед на накитот. Чистењето со сода бикарбона ќе ви помогне за да ги исчистите прашината и замрсувањето на сребрените предмети. Пред да започнете обезбедете ги сите потребни садови и материјали. Потоа, следете ги инструкциите, чекор по чекор.
Потребна опрема:
- голем сад
- алуминиумска фолија
- врела вода
- сода бикарбона од Витаминка.
Постапка за чистење:
- Садот обложете го со алуминиумска фолија, така што сјајната површина ќе биде на горната страна.
- Сребрените предмети ставете ги во садот. Налејте врела вода за да ги покрие предметите.
- Во садот ставете две лажици сода бикарбона од Витаминка. Во водата треба да се појават меурчиња.
- Оставете ги сребрените предмети во растворот од сода бикарбона за време од 30 минути.
- На крај извадете го накитот, темелно измијте го и исушете го. Блеска исто како првиот ден, нели?
Совет плус: Овој метод на чистење најдобро е да се користи за мали сребрени предмети како прстени, обетки, ланчиња и белегзии.
Ви предлагаме да прочитате: Корисни препораки за примена на содата бикарбона во разни ситуации.
*Спонзориран текст