Чисти дрвени лажици со 6 состојки од кујната

Чисти дрвени лажици со 6 состојки од кујната

Проверете дали вашите дрвени лажици и останат прибор кои ги користите во секојдневното готвење имаат некаков мирис или траги од некоја храна. Доколку дрвениот кујнски прибор има некој мирис кој ве иритира и не можете да го поднесете, пробајте да се ослободите со помош на лесно достапни кујнски состојки.

Чисти дрвени лажици со 6 состојки од кујната

Лимон

Една од најдобрите кујнски состојки кои можете да ги користите за чистење во кујнскиот прибор е лимонот. Исцедете сок од лимон и додајте го во врела вода. Во така припремената течност, ставете го дрвениот кујнски прибор и оставете го така да стои 15 минути. Ако водата се излади, додајте дополнително топла вода. По 15 минути извадете ги дрвените предмети и избришете ги со крпа, а доколку има сонце најдобро е да се исушат на сонце.

Киселина

Додајте една чаша киселина во сад со вода, а потоа додајте и лажица мед и добро измешајте ги состојките. Со помош на памук, кој претходно треба да го исцедите од течноста, избришете го дрвениот кујнски прибор.

Сол

Солта е уште една од најдобрите кујнски состојки за чистење на дрвени лажици и виљушки, и други предмети од домаќинството. Во сад со чиста топла вода додајте сол и потопете го дрвениот прибор, варете го на оган најмалку 5 минути и кога ќе завршите исцедете ги, избришете ги и оставете ги на сонце барем еден ден.

Цитрусно овошје

Ако е потребно, покрај лимонот можете да ги користите и другите кисели овошја. Постапката е иста како со лимоновиот сок.

Сода бикарбона

Направете паста од сода бикарбона и сок од лимон. Со помош на памучна ткаенина нанесете ја пастата врз дрвените лажици и останатиот прибор и оставете ги околу 15 минути да се впие, а најдобро е ако тоа биде на сонце. На крај, секоја предмет измијте го со топла вода.

Топла вода

Чистењето со топла вода е еден од најлесните и најдобрите совети за одржување на дрвениот кујнски прибор. Можете да ги миете во што потопла вода секој пат кога ги користите.

Сподели: