Сигурни сме дека ако некој ве почести со парче од оваа превкусна чоколадно авокадо торта ќе бидете среќни како што сме и ние. Многу е убава на изглед, а уште повеќе за јадење!
Кате избра декорација од чоколадо во прав, пулпа од авокадо и кандирани цреши, па ако ви се допаѓа слободно направете ја и вие. Некои можеби ќе имаат своја идеја за декорација, па по желба слободно изберете според својата креативност. Она што е важно е дека тортата е превкусна!

Состојки:
Пандишпан:
- 3 јајца
- 80 гр шеќер
- 50 мл масло
- 55 гр брашно
- 80 гр густин
- 2 лажици какао
- 1 лажица рикота
- 8 прашок за печиво.
За фил:
- 250 гр маскарпоне
- 175 гр бело млечно чоколадо
- 40 гр путер
- 25 гр шеќер во прав
- 1 авокадо.
За декорација:
- 180 мл слатка павлака
- неколку лажици чоколадо во прав
- малку пулпа од авокадо
- 3 кандирани цреши.
Подготовка:
- Прво подгответе пандишпанот. Во сад измешајте ги сувите состојки – брашното, густинот, печивото и какаото.
- Јајцата пенесто изматете ги со шеќерот, па додајте го маслото и проматете уште малку.
- Потоа во изматената смеса постепено додавајте ги сувите состојки мешајќи со жица и на крај додајте ја рикотата.
Промешајте и претурете ја смесата во тркалезен калап. Печете на 180 степени за време од околу 15 минути. - Испечениот пандишпан оставете го убаво да се излади, а потоа пресечете го на половина (во хоризонтална линија) така што ќе добиете 2 подеднакво дебели кружни половинки.
- Продолжете со подготовка на филот. Во сад на пареа ставете го чоколадото и путерот да се растопат.
- Оставете малку да изладат, па додајте ги шеќерот во прав и маскарпонето. Соединете ги убаво матејќи со миксер на најмала брзина.
- Со лажица извадете ја пулпата од авокадото и изблендирајте ја, а потоа додајте ја во изматениот фил. На крај, промешајте убаво со помош на шпатула.
- Откако е готов филот, на подлога за торта ставете го едниот дел од пандишпанот. Премачкајте со филот и поклопете со другата половина од пандишпанот.
- Целата торта премачкајте ја со изматена слатка павлака, па украсете по желба.
На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадна торта со јаболка.