Во пресрет на денот на вљубените во потрага сме по најубавите рецепти кои дополнително ќе го зачинат овој ден кој ја прославува љубовта. Па, имаме еден лесен рецепт за подготовка на чоколадни медени срца кој многу ни се допадна и со задоволство го споделуваме со вас!
Мали, слатки и неодоливи, совршени за подарок на вашите сакани. Едноставно спакувајте ги во декоративна кутија во форма на срце, напишете кратка посвета и изненадете некој кој ви е искрено драг.

Состојки:
- 500 г брашно
- 3 јајца
- 250 г стопен путер
- ½ чаша мед од Рес-Ком
- ½ чаша шеќер
- 1 рамно лажиче какао
- 1 лажица рендана кора од портокал
- 3 лажици мелени ореви
- 1 кесичка прашок за печиво
За декорација:
- 200 г чоколадни трошки
- кокосово брашно по желба.
Подготовка:
- Во длабок сад просејте го прашното, па додајте ги јајцата, медот, стопениот путер, какаото, ренданата кора од портокал, мелените ореви и прашокот за печиво. Од наведените состојки замесете мазно тесто.
- Тестото развлечете го во кора со дебелина од околу 1 см и со калап во облик на срце направете ги колачите.
- Колачите наредете ги на плех обложен со хартија за печење.
- Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 до 25 минути.
- Чоколадните трошки стопете ги на пареа, па печените и изладени колачи потопете ги во чоколадната глазура. По желба поросете ги со кокосово брашно.
- Вака подготвените чоколадни медени срца оставете ги во фрижидер за да се здрват, а потоа, на здравје!
Наша препорака
Кога станува збор за мед, без сомнеж, наш избор се медовите на Рес-Ком. Уживајте во слаткиот вкус и користете ги придобивките од природата! – Нивната палета изобилува со различни врсти на мед и навистина може да избирате по свој вкус и желба. Може да си купите ливадски, планински, цветен, липов, дабов мед, диет мед, мед од багрем… Ако сакате да дознаете повеќе за нив, посетете ја нивната фан страница Res-Kom Resen, нивниот инстаграм профил или контактирајте ги на телефонот 047 452 489.
Нека храната биде твојот лек и лекот биде твојата храна!

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадни мафини со џем од јагода.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.