чоколадни чаши со желе од малини 1

Чоколадни чаши со желе од малини

Десерт кој секого би посакал да го проба! Одлична комбинација на чоколадо, чоколаден крем и желе од малини. Овој рецепт за чоколадни чаши со фил и желе од малини го забележавме на блогот Kuhinjica Mignone многу ни се допадна, па затоа го споделуваме со вас.

чоколадни чаши со желе од малини

Состојки:

  • 200 грама квалитетно чоколадо со висок процент на какао
  • 6-8 пластични чаши

За чоколаден крем:

  • 2 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 100 грама чоколадо
  • 30 грама путер
  • 250 грама слатка павлака

За желе од малини:

  • 200 грама малини
  • 4 лажици шеќер
  • 1 ќесичка прашок за пудинг од ванила
  • 100 мл вода.

Подготовка:

  1. Чоколадото растопете го на ниска температура, а потоа со помош на четка премачкајте ја внатрешноста на пластичните чаши во два слоја. Прво нанесете еден слој и оставете го чоколадото да се стегне, а потоа нанесете го вториот слој.
  2. Јајцата и шеќерот ставете ги во сад за матење. Изматете ги со миксер додека шеќерот се растопи. Потоа сварете ги на пареа. Штом јајцата ќе се згустат, додајте го чоколадото искршено на коцки и путерот. Измешајте ги за да се растопи чоколадото и да се добие хомогена смеса.
  3. Оставете кремот малку да се излади.
  4. Слатката павлака ставете ја во сад за матење и изматете ја во цврст шлаг. Штом кремот малку ќе се излади, додајте го во слатката павлака и измешајте со лажица за да се соединат.
  5. Малините ставете ги во тенџере на оган на средна температура. Во тенџерето додајте го шеќерот, една до две лажици вода и оставете го малку да повари. Пудингот од ванила разматете го со 100 мл ладна вода, а потоа додајте го во тенџерето со малинки. Варете 2 минути додека желето се згусни, а потоа тенџерето тргнете го од оган и оставете го кратко време да се излади.
  6. Изладените чоколадни чаши, внимателно одвојте ги од пластиката и во секоја од нив ставете во една лажица од припременото желе. Врз желето ставете од чоколадниот крем. Чоколадните чаши може да ги прелиете со чоколадна глазура или едноставно да наросите малку какао во прав. Декорирајте со свежи малини и листови нане.

Сподели: