vino za pozdravo srce

Чоколадо и вино за поздраво срце

Кардиоваскуларните заболувања и понатаму остануваат на врвот на листата на болести со најголема смртност, а во последниот период загрижува фактот што сѐ помали и помлади пациенти спаѓаат во групата на загрозени лица. Правилниот избор на храна, пред сѐ медитеранската исхрана, црното чоколадо и црвеното вино се важни за здравјето на срцето. 

Превенцијата е најважниот чекор во третманот кај пациенти со срцеви заболувања. Кога кај пациентот ќе се забележат првите знаци на болест, неопходно е да се елиминираат ризик факторите кои може да доведат до посериозно заболување и влошување на симптомите.

вино за поздраво срце

Многупати сме споменувале дека правилна исхрана и физичката активност се основа за здрав живот. Тоа има една цел, превенција на заболувањата кои се јавуваат како резултат на не балансираната исхрана, меѓу кои се вбројуваат и кардиоваскуларните заболувања. Во врска со ова, говори и фактот што Американците направиле пресметки со кои утврдиле дека кампањите кои ги воделе за здравата храна во последните години го намалила бројот на кардиоваскуларните заболувања за 2 милиони пациенти во една година.

На што треба да се внимава за да се одржи здраво срце?

Покачената телесна тежина е еден од ризиците за кардиоваскуларните заболувања. Покрај неа како ризик фактори се пушењето, неправилната исхрана, покачениот крвен притисок, високиот холестерол и стресот.

Како прв чекор кој треба да го направите е промена на секојдневните навики, така што би се направило баланс на внесот на храна и дневната потрошувачка на енергија. Нормално со секое внесување на поголема количина на храна во однос на активноста на човекот ќе доведе до натрупување на масни наслаги, зголемување на телесната тежина и понатаму до други компликации. Се препорачува да се избегнуваат сите масни продукти.

Риба за здраво срце

Лицата кои имаат коронарни заболувања треба да јадат обезмастена, здрава храна, богата со зеленчук, овошје, а два до три пати неделно да јадат риба. Рибата е богата со омега масни киселини кои се значајни за организмот на човекот. Од рибите се препорачуваат лосос, харинга, сардина, туна… Дознајте кои се 7-те  најздрави видови на риба според нутриционистите.

Засладете се со црно чоколадо

Секојдневното консумирање на 6 до 10 грама црно чоколадо е важно, согласно со новите истражувања. Тоа се должи на богатството на антиоксиданси кои ги содржи. Затоа кога купувате изберете чоколадо кои содржи најмалку 70% какао во својот состав. Покрај здравјето на срцето, постојат и 7 корисни својства на црното чоколадо кои можеби не ги знаете.

Напијте се чаша црвено вино за поздраво срце

Покрај рибата и чоколадото, за ручек напијте се чаша црвено вино. Истражувањата покажале дека во земјите во кои се пие повеќе вино, бројот на кардиоваскуларните заболувања е помал.

Ви предлагаме да прочитате: Исхрана за превенција на срцев удар.

Сподели: