Пролетта е одличен период за да го пробате овој шеќерен маникир. Направете еден малку поинаков и потполно несекојдневен декоративен изглед на вашите нокти и уживајте во туѓите погледи и убави позитивни коментари. Она што е различно, секогаш е интересно!

Потребно за шеќерен маникир:
- Безбоен лак
- Лак во вашата омилена боја или можеби повеќе бои кои ги обожувате
- Шеќер.
Начин на примена:
- Ноктите треба да бидат чисти и суви. Намачкајте ги со еден слој безбоен лак како основа.
- Потоа ставете лак во боја, па врз ноктот веднаш истурете шеќер.
- Шеќерот ќе се залепи, но за подолго траење ставете од горе уште еден слој на безбоен лак.
За најдобро да направите шеќерен маникир, препорачуваме да го погледнете и видео приказот. Пролетта е одлична сезона и период на уживање во бои, па слободно искористете ја својата фантазија и направете нешто поинакво деновиве!