Повкусни од што изгледаат! Тестенини со неодолив вкус, за совршен појадок или лесна вечера. Зошто да бидат обични, кога може да ги претвориме во супер вкусни шпагети со кремаст сос?
Веќе знаете дека овој тип на јадења се подготвува брзо и лесно, па останува само да се набави нешто од маркетот и да се проба.
Може да ве интересира: Шпагети во бел сос со печурки и вино.
Состојки:
- 400 гр шпагети
- сол и црн пипер по вкус
- кромид по потреба (1 мала главица)
- 4 млади лукчиња или 3-4 чешниња ако немате млад лук
- 2 лажици маслиново масло
- 300 мл супа од зеленчук
- 200 мл павлака
- мускантно оревче по вкус
- 2 лажици нижесте
- 100 гр горгонзола
- 70 гр пармезан
- 50 гр пекорино
- 100 гр рикота.
Подготовка:
- Шпагетите сварете ги во посолена вода и потоа добро исцедете ги.
- Во меѓувреме започнете со подготовка на сосот. Излупете ги лукот и кромидот, измијте ги и ситно исечкајте ги.
- Маслиновото масло загрејте го, па додајте ги претходно исечканите кромид и лук.
- Додајте ја супата од зеленчук и киселата павлака. Измешајте, оставете сосот да се повари, па зачинете со сол, црн пипер и мускантно оревче. По полека, со постојано мешање додајте го и ништестето, по што сосот ќе стане кремаст.
- Горгонзолата исечете ја на парчиња, а пармезанот и пекориното (тврдо овчко сирење) ситно изрендајте ги.
- Сите сирења освен 20-тина грама од пармезанот додајте ги во сосот. Мешајте за да добиете еднороден крем сос.
- Во сосот додајте ги претходно сварените и исцедени шпагети, внимателно промешајте и посипете со преостанатиот пармезан. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Шпагети со бел сос.