Сите обожаваат шпагети во сос! Затоа, овој пат ви претставуваме интересен рецепт за шпагети во бел сос со печурки, сланина и вино.
Гурмански специјалитет кој мора да се проба!

Состојки:
- 1 главица бел кромид
- 2 чешниња лук
- 250 грама печурки
- 4 до 5 ленти чадена сланина
- 1 чаша бело вино
- 200 грама шпагети
- 400 мл неутрална павлака за готвење
- 50 грама рендан кашкавал
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете 1 литар вода да се вари. Посолете и затворете го тенџерето со капак. Во зовриената вода додајте ги шпагетите и варете ги за време од 6 до 8 минути, во зависност од инструкциите наведени на пакувањето.
- Кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Сланината исечкајте ја на мали ленти, а печурките на тенки листови.
- Во нелеплива тава на оган на умерена температура додајте го кромидот. Пропржете го за време од 5 минути додека омекни.
- Потоа во тавата додајте го лукот и продолжете со варењето за време од 1 минута.
- Во тавата додајте ја сечканата сланина, печурките и белото вино. Динстајте додека поголема количина од течноста испари. Зачинете со мелен црн пипер.
- Додајте ја неутралната павлака и оставете сосот да зоврие. Намалете ја температурата и додајте го кашкавалот.
- Во тенџерето додајте ги варените шпагети и измешајте добро. Топлите шпагети во бел сос со печурки и вино послужете ги веднаш. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Шпагети со бел сос.