Со помош на храната можете да се ослободите од многу непријатности. Така, ако патите од хемороиди, треба да издвоите неколку минути во корист на вашето здравје и да го прочитате овој текст.
Според некои истражувања, дури и повеќе од 2/3 од луѓето во светот, во текот на својот живот водат битка со хемороиди, болести на проширени вени во внатрешноста и околу анусот, како и долниот дел на ректумот (задното црево).
Хемороидите ги погодуваат подеднакво и мажите и жените, како помладите, така и повозрасните. Најчесто тие се последица од долго седење или стоење, па најчесто се јавуваат кај луѓето кои се зафатени со работа. Особено најпогодена категорија се луѓето со канцелариска работа.

Кои намирици е добро да се јадат доколку патите од хемороиди?
Овесни и други снегулки, јаболка, круши, зелка, брокула, мешунки и целожитни производи (интегрални). Секој ден треба да се консумира доволни количини на свежо овошје и зеленчук. Целта е со ваков избор на намирници да се обезбедат неопходните количини на растителни влакна, за да има подобро варење на храната.
Пијте доволно вода, независно од тоа дали чувствувате жед, пијте околу 2 литри на ден.
Ако хемороидите крварат, потребно е да консумирате намирници богати со витамин К, а таков е зелениот листест зеленчук. Во случај крварењето да е обилно и долготрајно, најдобро консултирајте се со лекар и земете додаток на исхрана кој обезбедува железо.
Која храна да ја избегнувате?
Тоа е црвеното месо и месните преработки, разните процесирани производи и чоколади. Кафе и алкохол се исто така непогодни намирници, а посебно црвеното вино. Внимавајте кога имате проблем нивната консумација да биде ограничена и контролирана.
Секој ден треба да јадете барем еден течен оброк, а одлично би било ако јадете и супа. Агресивните зачини како што е црниот пипер или лутите пиперчиња можат да ја влошат состојбата, па пожелно е да ги избегнувате.
За крај, посебно ако имате седечка работа, не ја изоставајте физичката активност. Умерено и редовно движење и тоа како е од помош!
Ви препорачуваме да прочитате: Како да спречите појава на хемороиди и најдобро да се справите со нив?