Што е инулин и зошто е добар за здравјето?

Ако сте имале можност да купите некој млечен производ, пример јогурт и сте прочитале на етикетата „со инулин“, дали некогаш сте се запрашале за што всушност станува збор? Што е инулин? Време е да ве запознаеме подобро со придобивките од консумацијата на инулин. Спречува појава на запек, го олеснува варењето на храната, ја подобрува апсопцијата на калциум, го поттикнува растот и развојот на корисните бактерии во цревата…

Инулините се природни полисахариди кои припаѓаат во групата на растителни влакна познати како фруктани. Тие се наоѓаат во состав на овошјето и зеленчукот, а им служат на растенијата за складирање на енергија. Инулините не се наоѓаат во целото растение, туку воглавно се концентрирани во коренот или кртолите. Во продолжение на текстот дознајте повеќе за полезностите од консумацијата на инулин. 

инулин

Спречува констипација и ја помага работата на цревата

Инулинот спречува појава на констипација (запек) и ја помага правилната работа на цревата:

  • го поттикнува развојот на нормалата цревна флора
  • го олеснува движењето на храната низ цревата.

Благодарение на тоа, во алтернативната медицина се користи за слабеење и против запек. А тоа е докажано и со истражувања. Имено, една студија која го истражувала влијанието на инулинот врз констипацијата кај постарите лица, докажала дека со консумација на 15 грама инулин на ден, во рок од еден месец, се подобрило движењето на храната низ цревата кај испитаниците.

Инулинот го стимулира растот на добрите бактерии

Нашето тело не може да го свари или апсорбира инулинот. Кога ќе дојде во дебелото црево, инулинот започнува да се разложува под дејство на ензимите кои ги создаваат бактериите во таа средина. Инулинот го стимулира растот на млечно-киселинските бактерии (пробиотици) и затоа е познат како пребиотик. Како резултат на тоа, тој често се додава во пробиотичките јогурти, затоа комбинацијата на пребиотик со пробиотик има уште подобар ефект.

Се препорачува за намалување на нивото на холестерол и триглицериди во крвта

Консумацијата на храна или суплементи со инулин се препорачуваат за лица кои имаат високо ниво на масти во крвта, без разлика дали станува збор за холестерол или триглицериди.

Може да се користи во исхраната на дијабетичарите

Нашето тело не може да го разложи инулинот на моносахариди, па затоа не влијае на нивото на шеќер во крвта. Благодарение на таа особина, инулинот може да се користи и во исхраната за дијабетичарите.

Помага при кандида

Ако во цревата имаме повеќе добри бактерии кои се нахранети со инулин, тогаш тие се способни да се борат со кандидата и да го спречат нејзиниот прекумерен развој.

Ја подобрува апсорпцијата на калциум и спречува остеопороза

Инулинот помага во апсорпцијата на калциум и со тоа се подобрува содржината на минерали во коските и густината на коскената маса. 

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: што е остеопороза и како да се заштитите?

Која храна е богата со инулин?

Инулините можат да се најдат во состав на зеленчукот и овошјето. Особено ги има во:

  • зимското јаболко (чичока)
  • агава
  • корен и лист на целер
  • кромид и лук
  • банани
  • праз
  • артичока
  • корен на цикорија.

Инулинот често пати е составен дел од производите кои спаѓаат во групата на функционална храна. Најчесто се користи како додаток во исхраната за подобрување на вкусот и се додава во десерти како замена за шеќерот. Може да се најде во состав на овошни сокови, пробиотски и пребиотски јогурти и намази, житни плочки, чоколадо… Калориската вредност е од 0 до 2.5 калории по грам. 

Инулин во форма на прав како додаток во исхраната

Инулинот кај нас е достапен како додаток во исхраната – прашок и може да се користи како замена за шеќерот. Го препорачуваме Inulin од NOW, кој е сертифицирано органски, чист прашок, кој нуди пребиотска дигестивна поддршка, ги храни добрите бактерии, има многу низок гликемиски индекс, а е добиен од сина агава. Повеќе информации за инулинот прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да го нарачате.  За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нивниот e-mail: info@trimeks.com.mk.

Совет плус: Ако се претера со консумација на намирници кои содржат инулин, може да дојде до појава на гасови и грчеви во стомакот.  

Ви предлагаме да прочитате: Како да го одржите здравјето на стомакот за време на патување?

*Комерцијален текст

Сподели: