Што е кефир и 9 здравствени причини да се напиете 1

Што е кефир и 9 здравствени причини да се напиете

Што е кефир? Тоа е напиток со киселкаст и остар вкус, специфичен за него, кој потсеќа на кремасто млеко. Се добива така што млекото се збогатува со кефирни култури кои го менуваат неговиот состав, а содржи голема количина на протеини, калциум и витамин Д.

Има најмалку 9 здравствени причини за да се напиете кефир

Пробиотици

Пробиотиците се живи микроорганизми кои обезбедуваат повеќе здравствени придобивки кога се консумирани во правилна количина, а најистакната е користа во поддршка на имуниот систем на организмот и здравјето на дигестивниот систем.

Имунитет

Како што спомнавме претходно, кефирот го поддржува здравјето на стомакот и стомачните органи, а баш во овој предел се лоцирани 70-80% од клетките кои го сочинуваат имуниот систем.

Здрава телесна тежина

Кефирот има висока содржина на протеини, што овозможува да трае чувството на ситост и да се намалат „нападите“  на глад во текот на денот.

Нежна кожа

Кефирот содржи алфа хидрокси киселина (Alpha Hydroxy Acid – AHA), која е популарна состојка во производите за нега на кожата.

Што е кефир и 9 здравствени причини да се напиете 2

Одлично варење на храната

Живите и активни пробиотски култури кои се наоѓаат во кефирот овозможуваат воспоставување на баланс помеѓу корисната и штетната микрофлора, а со тоа допринесуваат за одлична дигестија.

Протеини

Во 250 мл кефир има најмалку 10 грама природни протеини.

Нема опасност од нетолеранција на лактоза

Кефирот е производ во кој благодарение на специфичните кефирни култури 99% од лактозата е ферментирана и истиот е погоден и за луѓе кои се интолернтни на лактоза.

Расположение

Кефирот содржи триптофан – амино киселина која е значајна за подигнување на нивото на серотонин во мозокот. Како што знаеме сите, серотонинот е познат како хормон на среќата.

Цврсти коски

Една порција кефир му обезбедува на нашиот организам најмалку 30% од дневните потреби за калциум.

Ви предлагаме да прочитате: Што се пробиотици и како може го подобрат вашето здравје?

Сподели: