Имајќи предвид дека вирусот кој ја обележа оваа година е значителен стрес фактор и еден од посилните причинители на оксидативен стрес, се ангажиравме да дознаеме многу повеќе за оксидативниот стрес, како и неговата поврзаност со вирусните заболувања. Во консултација и со помош на Д-р Нела Деспотовска, ги разработивме ризик факторите од оксидативниот стрес, а секако дека ќе може да очекувате и информации што може да се направи за да се заштитиме од него.
Знаете ли што е оксидативен стрес? – Истиот претставува дисбаланс помеѓу слободните радикали и антиоксидансите во телото. Може да биде акутен и хроничен. Акутниот дава брзи и силни реакции во организмот, додека хроничниот придонесува за развој на голем број болести кои се подмолни и бавни додека се забележат, а такви се ракот, дијабетесот и срцевите болести.

Што всушност се случува во телото?
При нормалните метаболички процеси, клетките создаваат слободни радикали, кои се нус-производи на метаболизмот. Освен тоа, клетките имаат и способност за создавање на антиоксиданси, кои имаат улога да го стопираат односно неутрализираат дејството на слободните радикали. Но, често пати, оваа рамнотежа може да биде нарушена, што резултира со поголемо создавање на слободни радикали од антиоксиданси. На овој начин, во организмот настанува оксидативен стрес.
Постојат повеќе групи на фактори кои можат да го предизвикаат создавањето на слободните радикали:
- неправилна исхрана
- стрес
- небалансиран начин на живот воопшто
- пушење
- надворешни фактори како загадување на околината и радијација.
Ефекти од оксидативниот стрес
Не секогаш оксидативниот стрес има штетно влијание. На пример, кога се создава при вежбање може да има дури и посакувани ефекти. Во овој случај, слободните радикали го стимулираат растот на ткивата и го поттикнуваат создавањето на антиоксиданси. Тука станува збор за акутен, краткотраен окидативен стрес. Хроничниот, долготраен стрес ги оштетува клетките, протеините и ДНА, што придонесува за настанување на подмолните болести како што се ракот, дијабетесот и срцевите проблеми.
Може да ве интересира: Подгответе го имуниот систем за зима во време на пандемија.
Невродегенеративни болести
Мозокот е ранлив орган чувствителен на оксидативен стрес. За нормална функција, клетките на мозокот користат 20% од кислородот кој го внесуваме. За време на оксидативниот стрес, слободните радикали може да ја уништат структурата на мозочните клетки, па дури и да предизвикаат нивна смрт. Токму затоа, се смета дека слободните радикали се ризик фактор за настанување на Алцхајмерова и Паркинсонова болест.
Хронично воспаление поради оксидативен стрес
Оксидативниот стрес може да предизвика хронично воспаление. Имено, инфекциите и повредите го активираат имуниот одговор, а имуните клетки се борат против инфекцијата и создаваат слободни радикали. Ако бројот на слободните радикали е преголем, тие може да ги оштетат здравите клетки. На тој начин предизвикуваат инфламација или воспаление. Обично оваа состојба брзо се стабилизира по завршување на имуниот одговор. Но понекогаш, телото создава слободни радикали за кои нема доволно антиоксиданси и истите понатаму може да предизвикаат оксидативен стрес и така во круг. Тоа се причините за појава и механизмот на воспоставување на хронично воспаление.
Други болети поврзани со оксидативен стрес:
- рак
- дијабетес
- висок крвен притисок
- срцев удар
- атеросклероза
- инфламаторни болести
- астма
- машка неплодоност.
Што може да се направи за справување со оксидативниот стрес во телото?
Сите погоре посочени информации би биле само обично едуцирање доколку не споделиме корисна и издржана препорака. Бидејќи станува збор за здравјето, кога препорачуваме додатоци во исхраната кои му помагаат на организмот да се справува со разни состојби и со цел негово полесно функционирање, наша пракса е да се консултираме со нашата драга Докторка – Нела Деспотовска. Па, еве кои додатоци во исхраната ги издвоивме како најважни за борба против оксидативниот стрес:
- BioAstin – Еден од најсилните природни антиоксиданси. Биоастинот придонесува за нормална слузница, метаболизам на железо и за одржување нормална функција на имуниот систем. А, она што сега е најважно за нас, е тоа дека биоастинот придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
- Витамин Д – природно се добива од храната и од сонцето. Понекогаш може да се јави зголемена потреба на витамин Д поради недостаток или оксидативен стрес. За таа цел, го препорачуваме NOW® Vitamin D-3. NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма на мека капсула.
- N-Acetyl Cysteine (NAC) – Стабилна форма на неесенцијалната аминокиселина цистеин. Во својот состав содржи селен и молибден. NAC штити од слободни радикали и го помага клеточното здравје.
- Витамин Ц – Витаминот Ц е најпознатиот антиоксиданс кој ги штити клетките и молекулите на телото од оштетувањата предизвикани од слободните радикали. За најголема искористливост и ослободување од оксидативниот стрес помага AlphaSorb-C. NOW® AlphaSorb-C® е уникатна и патентирана некиселинска форма на витаминот Ц која содржи минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките.
- Alpha Lipoic Acid – Алфа липоичната киселина претставува елиминатор на слободните радикали и на тој начин штити од оксидативен стрес. Alpha Lipoic Acid во составот содржи витамин Ц и Е кои се природни антиоксиданси.

Сите горенаведени додатоци во исхраната може да ги нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава или да ги набавите од подобро снабдените аптеки.
За сите дополнителни информации и прашања, пишете ни на нашиот меил info@sezahrana.mk. Ние ќе ја контактираме Д-р Нела Деспотовска и ќе ви одговориме во најбрз можен рок.
Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Природниот астаксантин е 6000 пати помоќен од витаминот Ц.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.