Што е олигофруктоза, каде ја има и за што е корисна 1

Што е олигофруктоза, каде ја има и за што е корисна?

Олигофруктоза е форма на растителни влакна кои се среќаваат во зеленчукот, овошјето и другите видови на растенија. Исто така е достапна и во форма на додатоци за исхрана. Спаѓа во групата на пребиотици, кои служат како храна за „пријателските“ или корисните бактерии во цревата. Овие растителни влакна се растворливи во вода, па доколку јадете поголеми количини на растителна храна, како што се овошјето и зеленчукот, нема да имате дигестивни проблеми, напротив, ќе имате корист од олигофруктозата.

Како диететски додаток, олигофруктозата може да понуди одредени потенцијални здравствени придобивки. Го зголемува чувството на ситост, а со тоа го намалува гладот и внесот на непотребни калории.

Што е олигофруктоза, каде ја содржи и за што е корисна 2

Каде ја има олигофруктозата и за што се користи?

Олигофруктозата припаѓа на подгрупата инулини – полисахариди кои се среќаваат во многу типови на растенија. Ја има во многу зеленчуци и овошја. Според еден артикал, издаден во списанието „Journal of Nutrition“ од 1999 година, најмногу ја има во кромидот, бананата, лукот, цикоријата, пченицата.

Олигофруктозата најчесто се користи за фортифицирање на одредени намирници со растителни влакна, а поседува чист и сладок вкус. Обично во улога на фортификација се додава во разни цереалии, житарици, овошни јогурти, замрзнати десерти, колачиња и млечни производи.

Нутритивни својства на олигофруктозата

Според списанието  „Journal of Nutrition“, олигофруктозата е јаглено хидрат кој не го зголемува нивото на шеќер во крвта. Тоа ја прави погодна за консумирање и од лицата кои боледуваат од дијабетес. Бидејќи поминува низ дигестивниот систем без да се метаболизира, таа има помал број на калории во споредба со типичните јаглехидрати. Речиси целата консумирана олигуфруктоза преминува во дебелото црево, каде што се ферментира од страна на добрите бактерии. Така, заради овој процес на ферментација, олигофруктозата „тежи“ само 1.5 калорија на грам, додека типичните јаглехидрати имаат 4 калории по грам.

Олигофруктозата го намалува чувството на глад

Една мала „пилот“ студија покажа дека олигофруктозата  дава чувство на ситост и со тоа помага да се намали внесот на дополнителна храна. Во оваа двонеделна студија, на група волонтери им било давано да земаат по 8 грама олигофруктоза 2 пати на ден. Олигофруктозата кај испитаниците го намалила чувството на глад за време на појадокот и вечерата. Со тоа тие значително го намалиле внесот на храна. Како резултат на ова истражување било заклучено дека додатоците на база на олигофруктоза може да им помогнат на лицата кои страдаат од прекумерна телесна тежина. Резултатите од студијата биле објавени во мај 2006 година во „European Journal of Clinical Nutrition “.

Олигофруктозата го стимулира производството на „добри“ бактерии

Покрај останатите придобивки, олигофруктозата е добра за дигестивното здравје. Таа е всушност пребиотик, што значи дека го стимулира растот на корисните бактерии во цревата. Го промовира развојот на колонијата т.н. бифидобактерија. Според, погореименуваното списание за исхрана, овие микроорганизми го спречуваат растот на штетните бактерии, помагаат во апсорпцијата на одредени хранливи материи и помагаат во производството на витамин Б. Затоа, многу често олигофруктозата се наоѓа како додаток во пробиотичките производи. Треба да се напомене дека може да предизвика благо чувство на подуеност и гасови, затоа што е растворлив јаглено хидрат, но, тоа е само на почетокот и е краткотрајно.

Ви препорачуваме да прочитате: Што се пребиотици и како влијаат врз здравјето?

Сподели: