Д-р Нела Деспотовска советува: Што е таурин, зошто е важен и за кои лица се препорачува?

Дали си слушнал за таурин? Ти звучи познато, но не знаеш што е тоа? Време е да се запознаеме со тауринот кој е амино киселина. Тауринот има бројни придобивки за здравјето, го поддржува кардиоваскуларниот систем, ги подобрува спортските перформанси, го ублажува заморот, помага за намалување на телесната тежина, го поддржува здравјето на црниот дроб, жолчката, панкреасот и очите… и не само тоа! Низ разговор со Д-р Нела Деспотовска те запознаваме со тауринот и неговите бенефити за здравјето. 

што е таурин

Споменавме дека тауринот е аминокиселина. Дали може подетално да ни кажете што е таурин и кои се неговите главни улоги во организмот?

Тауринот е условно есенцијална амино киселина која не се користи за синтеза на протеини, но главно се наоѓа во повеќето ткива, особено низ нервен систем. Во организмот се наоѓа во слободна форма во скелетните мускули, мрежницата на окото, црниот дроб, бубрезите, срцевиот мускул и мозокот и е од големо значење за функционирањето на нервниот систем. Се добива од аминокиселините метионин и цистеин со помош на витамин Б6.

Функционира во ткивата со стабилизирање на клеточните мембрани и помагање во транспортот на калиум, натриум, калциум и магнезиум во и надвор од клетките. Тауринот помага да се генерираат и регулираат нервните импулси и поддржува одржување на нормалната рамнотежа на течностите. Исто така се користи од организмот во визуелни патишта, како и во мозокот и нервниот систем, каде што делува заедно со глицин и ГАБА како невротрансмитер.

Каква е поврзаноста на тауринот со црниот дроб и панкреасот? Дали влијае врз холестеролот и инсулинот?

Тауринот е градивен материјал за други аминокиселини и е составен дел на жолчните сокови, која е неопходна за подобро варење на мастите и апсорпција на липосолубилните витамини, како и за контрола на нивото на холестерол.

Учествува во регулирање на крвниот притисок и транспортот на електролити низ клеточните мембрани, го подобрува метаболизмот на гликозата и во процесите на регенерација на ткивата.
Тауринот има улога во транспортот на креатин и го поттикнува панкреасот во производство на инсулин. Ја поддржува осетливоста на инсулин во ткивата поради што е составен дел од редукциските диети и во периодот на изградба на мускулна маса.

Голем дел од спортистите користат таурин. Зошто тауринот е дел од исхраната на физички активните лица?

Тауринот влијае на спортските перфоманси – го намалува оштетувањето на мускулите, го ублажува заморот и воспалението на мускулите. Во исто време, суплементацијата со таурин го поддржува намалувањето на телесната тежина бидејќи користи масти како извор на гориво.

Ги нормализира метаболните процеси во телото и спречува уништување на мускулното ткиво поради физичкиот напор, влијае на растот на мускулна маса кога имаме интензивни тренинзи.

таурин аминокиселина

За кои лица се препорачува да користат таурин?

Главен извор на таурин е храната од животинско потекло, како што е месото, рибата и млечните производи. Некои студии покажале дека луѓето не ги внесуваат потребните количини на таурин со исхраната. Затоа, тауринот како додаток во исхраната се препорачува да го земаат:

  • Вегетаријанци
  • Повозрасни лица
  • Спортисти.

Од каде може да се набави овој додаток во исхраната?

Тауринот може да се набави од онлајн продавницата на vitamini.mk со бесплатна достава до домашната адреса. Исто може да се најде во поголемите аптеки низ земјата.

За сите дополнителни информации и консултации, може да ја контактирате Д-р Нела Деспотовска на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Може да те интересира: L-Carnitine за слабеење и подобра физичка спремност.

*Интервјуто е овозможено од vitamini.mk.

Сподели: