Што е L-carnitinе и кои се неговите предности 1

Што е L-carnitinе и кои се неговите предности?

Обично во случај на поголем физички напор, а понекогаш и по лекарска препорака за одредени медицински состојби се препорачува да земате L-carnitinе. Тој се користи за зголемување на ослободувањето на енергија во телото, со цел да го поддржи и олесни функционирањето на организмот. Знаејќи го тоа, истражувавме и во овој текст ќе може да прочитате повеќе за него и што откривме за неговите предности.

Може да ве интересира: Топ 5 антиоксиданси и нивната важност за здравјето.

Што е L-carnitinе и кои се неговите предности 2

Извори на L-carnitinе

Главен извор на L-carnitinе е храната од животинско потекло, посебно телешкото месо, додека храната која е растителна, го содржи во мали, незначителни количини. Но, не секогаш количините кои ќе ги внесеме преку храната или ќе се создадат во нашиот организам се доволни, па корисно е да спомнеме и препорачаме добар и проверен додаток во исхраната.

L-carnitinе е природен додаток во исхраната

Интересно е што сите ние веќе го имаме во телото, нашето тело го произведува само во црниот дроб и бубрезите. Тој им помага на мастите да се претворат во енергија. Така, ако замислиме дека телото е „мотор“, а мастите се „гориво“ кое го придвижува, L-carnitinе е „маслото“ кое го подмачкува.

Како додаток во исхраната земете 1 капсула, 1-3 пати дневно, со или без храна. L-Carnitine е неесенцијална амино киселина која помага да се одржи целокупно добро здравје помагајќи го преносот на групите масни киселини во митохондријалните мембрани за производство на енергија во клетките. Тој природно се наоѓа во црвеното месо и другите животински извори на храна, но може да се земе како додаток во исхраната за да се постигнат оптимални нивоа на оваа извонредна амино киселина. Ние го препорачуваме NOW® L-Carnitine, кој претставува најчиста форма, клинички тестирана и вегетаријанска (не е од животинско потекло). Дополнителни карактеристики за него се:

  • обезбедува фитнес поддршка
  • претставува најчиста и клинички тестирана форма
  • ги транспортира масните киселини
  • ја зголемува клеточната енергија
  • вегетаријански/веган производ.

Ако сакате да го набавите, искористете го фантастичниот попуст од 50% и посетете ја онлајн продавницата на Тримекс или побарајте го во поголемите аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ja Д-р Нела Деспотовска од Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Предности на L-carnitinе

Без L-carnitinе нашето тело се чувствува уморно затоа што му недостасува енергија. Во таквите моменти, кај нас почнуваат да се јавуваат сигнали на глад и секој од нас, прво што прави е посегнување по храна. Тоа е така, затоа што недостатокот на L-carnitinе во телото се регистрира како чувство на мачнина и мускулна слабост.

Мастите не се единствен извор на енергија, туку тука се и јаглените хидрати. Така, често пати, кога имаме недостаток на L-carnitinе, може да осетиме потреба за слатка храна.

L-carnitinе е познат по неговата корисност:

  • за зајакнување на имунитетот
  • ја поттикнува концентрацијата, работните способности и го регулира расположението
  • го зголемува добриот (HDL) холестерол и ги снижува триглицеридите во крвотокот
  • позитивно влијае на срцето и крвоносниот систем
  • поддржува намалување на телесна маса
  • го подигнува нивото на енергија во телото.

Дополнителни корисни дејства

Постојат истражувања кои упатуваат на негово полезно дејство против и за опоравување од срцев удар и против ангина пекторис. Исто така, се смета дека е добар во превенција на дијабетес, машка неплодност и Алцхајмерова болест.

Совет плус: Пред употреба задолжително консултирајте се со својот лекар и имајте предвид дека, за било која намена да го земате, препорачливо и потребно е да воведете физичка активност во животниот стил – пешачење, возење велосипед, аеробик, пилатес, трчање и слично за L-carnitinе да може да метаболизира и искористи правилно од организмот.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 насоки за што да пиете за подобри резултати од вежбањето.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: