Јадевте лук? Еве како да го неутрализирате мирисот

Јадевте лук? Еве како да го неутрализирате мирисот

Јадевте лук, а треба да одите на работа или да излегувате? За да не се мачите со непријатниот здив, ние сме тука да ви помогнеме. Еве како да го неутрализирате непријатниот мирис во устата.

Некои јадења едноставно не можат да се замислат без лук. Освен што има бројни здравствени придобивки, тој им дава посебен шмек и арома на многу специјалитети. Сепак, неговиот впечатлив и интензивен мирис нé спречува да го консумираме онолку колку што би требало. Па, за сите кои не го поднесуваат мирисот на лук во устата еве неколку совети.

Јадевте лук? Еве како да го неутрализирате мирисот

Солена вода

Многу ефикасна за отстранување на мирисот на лук. Земете 1 лажичка солена вода и задржете ја во устата 1 минута, а потоа исплакнете со чиста вода.

Магдонос

Магдоносот содржи многу хлорофил и е идеален за елиминирање на лошиот здив, посебно предизвикан од лукот. Одличен е за усната шуплина бидејќи има антибактериско и антиинфламаторно дејство. Добро изџвакајте неколку ливчиња и потоа фрлете ги.

Анасон и каранфилче

Делуваат исто како и магдоносот, а и се консумираат на истиот начин.

Зелен чај

Зелениот чај има многу голем број придобивки. И покрај тоа што одлично го чисти вашето тело од токсини, исто така, брзо и ефикасно го отстранува лошиот здив од вашата уста. Состојките во чајот ја неутрализираат непријатната миризба и делуваат благотворно врз забите и непцата. По оброкот доволно е да испиете само една шолја топол или ладен чај. За најголем ефект, исцедете и малку лимон во него.

Млеко и јогурт

Млечните масти од млекото и јогуртот исто така ги неутрализираат сите мириси во устата. Препорачливо е да пиете полномасно млеко, бидејќи тоа има најсилни својства благодарение на мастите и протеините во својот состав.

Лимон

Свежите парчиња лимон се одличен борец против бактериите во устата. За брзи резултати, изџвакајте неколку парчиња веднаш после оброкот.

Зрна кафе

Џвакањето зрна кафе помага во намалување и неутрализирање на непријатниот здив по јадење лук.

Совет плус:

  • Покрај наведените намирници, за да го отстраните мирисот на лук, задолжително измијте ги забите, исчистете ги со конец и исплакнете ја устата со вода. На тој начин ќе бидете сигурни дека од лукот останува само неговото позитивно влијание врз здравјето.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 интересни факти за лукот кои можеби не сте ги знаеле.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: