непријатни мириси во кујната

Брзо елиминирајте ги непријатните мириси во кујната

Често ни сметаат непријатните мириси во кујната. Пржевте риба, фрижидерот при отворање мириса непријатно? А што да се прави кога храната ќе загори? Како да се отстрани непријатната миризба на загорената храна? Ако немате одговор на овие прашања, време е да ги дознаете следните кујнски совети.

Во овој текст ќе ви кажеме неколку кујнски трикови кои ќе ви помогнат да ги отстраните непријатните мириси во домот за време на готвењето на храната.

Сте пржеле риба?

За да го освежите просторот по пржењето на риба, во тенџере ставете околу еден литар вода. Додајте малку цимет или друг зачин чиј мирис го обожавате и оставете водата да поврие. Намалете ја температурата и оставете водата полека да испарува.

Елиминирајте ги непријатните миризби во фрижидерот

Ако фрижидерот сте го исчистиле темелно, но и покрај тоа се чувствуваат измешани мириси од храната, време е да се преземе следен чекор. Направете природен освежувач од кафе кој ќе ги неутрализира другите миризби. Постапката прочитајте ја тука.

Ви загорело млекото?

Доволно е само 10 секунди да го тргнете погледот од тенџерето и млекото да претечи. Но, сега има лесно решение. Загореното млеко нема потреба да го фрлите. Ставете го чист сад и покријте го со влажна кујнска крпа која ќе ја превиткате 4 пати.

непријатни мириси во кујната

Отстранете го непријатниот мирис на рибата

Ако рибата која сте ја купиле има непријатен мирис, ставете ја во малку млеко. Постапката за маринирање на рибата во млеко и елиминирање на лошиот мирис, прочитајте ја тука. Но, но случај да немате млеко, има друг трик. Садот во кој се наоѓа рибата покријте го со крпа натопена во киселина и оставете го неколку часа.

Кога варите зелка, овај трик мора да го примените

Кога се вари зелка, по целиот дом се шири непријатен мирис. За да се избегне тоа, тенџерето во кое се вари зелката, покријте го со крпа натопена со киселина.

Ви загорел гравот?

Нема потреба за паника! Ако ви загорел гравот, веднаш ставете го во друг сад и покријте го со влажна кујнска крпа. После 10 минути, сменете ја крпата. Ќе забележите дека крпата апсорбирала поголем дел од непријатната миризба.

Ви предлагаме да прочитате: Отстранете го непријатниот мирис на пластичните садови.

Сподели: