печена риба во рерна

Брз рецепт за печење на замрзната риба

Дали некогаш ви се случило да заборавите да одмрзнете месо за да подготвите ручек? Не паничете – ние имаме супер рецепт за печење на замрзната риба со коj не мора да чекате истата да се одмрзне. Посно, супер вкусно и здраво јадење за сите генерации!

Подгответе вкусен, брз и здрав оброк за целото семејство. Доколку избегнувате да приготвувате риби затоа што немате време да чекате истите да се одмрзнат, а не секогаш сте во можност да набавите свежа, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Вкусот на вака подготвената риба е фантастичен, месото е меко и сочно, а печената риба е секако секогаш поздрав избор од пржената. Па не чекајте, пробајте го овој лесен и брз рецепт уште во првата прилика кога се брзате, а сепак сакате здрав и топол оброк.

печена риба во рерна

Состојки:

  • 4 парчиња замрзната риба
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол и црн пипер по вкус
  • зачини за риба по желба.

Подготовка:

  1. Извадете ги парчињата риба од амбалажата и измијте ги под млаз вода за да ги отстраните остатоците од мраз. Доколку парчињата се поголеми, а немате многу време за подготовка, оставете ги кратко да се одмрзнат, а потоа исечете ги на помали делови.
  2. Рибите премачкајте ги со маслиново масло од сите страни и наредете ги на плех претходно обложен со хартија за печење.
  3. Печете ги околу 4-5 минути во претходно загреана рерна на 230 степени. Извадете ги од рерна и зачинете ги со сол, црн пипер и други зачини по желба.
  4. Продолжете со печење дополнителни 15-30 минути, додека рибите се испечат. Времето на печење е во зависност од големината на парчињата риба. Повремено вртете ги за да се испечат рамномерно од сите страни.
  5. Печените риби послужете ги додека се топли со посен песто сос и со прилог по желба. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: 7 најздрави видови на риба според нутриционистите.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: