Внимателно со солта! Знаете ли дека влијае на организмот од најмала возраст? 1

Внимателно со солта! Знаете ли дека влијае на организмот од најмала возраст?

Често слушаме препораки, внимателно со солта! До нас стигнуваат различни прашања на оваа тема, па еве да одговориме неколку од нив.

Кога станува збор за вкусовите, за разлика од возрасните, децата многу повеќе ги чувствуваат. Интензивното чувство кое се појавува кај нив се должи во главно на дегустативните папили на јазикот, кои се бројни и неоштетени. Затоа, кога родителите приготвуваат храна, би требало да се свесни за овој факт и да не ја приспособуваат храната според својот вкус. Посебно треба да се внимава на солта.

Внимателно со солта! Знаете ли дека влијае на организмот од најмала возраст? 2

Преголема количина на сол го менува вистинскиот вкус на храната, а со тоа  ја изменува перцепцијата на децата, кои се во перидот на навика на многу нови производи. Децата уште од мали треба да се навикнат на „благи“ вкусови, па затоа е препорачливо нивната храна да се соли помалку или уште подобро, да се подготвува одделно.

Малите дечиња кои се на предучилишна возраст треба да примаат до 2 грама сол дневно, а тоа би дошло околу половина лажичка, во текот на целиот ден и збирно во сите оброци. Од тука доаѓа и друга препорака, да се внимава на грицките и останатите јадења кои не сте ги приготвиле самите, бидејќи скоро сите содржат доста сол. Истражувањата покажуваат дека децата од предучилишна возраст сепак внесуваат сол повеќе од што им е потребно. Во најголема мера, како такви извори на храна во нивното мени, се вбројуваат сувомеснатите производи кои често ги има во пиците и сличните јадења, како и разните грицки, па се препорачува нивно умерено консумирање.

Децата кои веќе одат на училиште внесуваат зголемена количина на сол во поголема мера и тоа преку  хамбургери, пици или разните печива. Тука е добро да се спомне дека лошиот квалитет на храната често пати се надополнува со повеќе сол.

Дека навиките од детството влијаат и во возрасните години има повеќе докази

Освен што тоа се одразува негативно на здравјето, исто така преголемото количество на сол негативно се одразува и на естетскиот изглед. Ова е посебно значајно за девојчињата, кои поради зголемена количина на сол во организмот, која ја врзува водата, се соочуваат со зголемена појава на целулит. Посебно е важно да се внимава на внесот на сол (да биде ограничена на 3-4 грама) во почетокот на пубертетот, односно за време на тинејџерските години, бидејчи тогаш телото ја воспоставува својата фигура и основа за идниот изглед.

За крај, неопходно е да се потсетиме за влијанието на солта во повозрасните години. Солта е значаен фактор кој влијае на покачувањето на крвниот притисокот и целиот крвоносен систем. Премногу сол може да штети и на добриот вид и да доведе до уште многу други здравствени проблеми. Консумирајте ја ограничено до 6 грама дневно и не заборавајте дека ја има и во останатите купени или преработени намирници освен во храната која ја готвите.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 знаци кои предупредуваат дека консумирате премногу сол.

Сподели: