грахам крекери

Грахам крекери со зачини и семиња

„Добрите навики се стекнуваат од мали нозе! Син ми обожава ,,finger food” и грицкање, па ме поттикна да смислам поздрава варијанта на домашни грицки. Излегоа успешни и превкусни, дефинитивно препорачувам да ги пробате. Секој би уживал во супер крцкавите грахам крекери со зачини и семиња!“- порачува Катерина Шамбевска Спасеновска, која е еден од уредниците на нашиот сајт и автор на инстаграм профилот @katerina.shambevska.

Главните 3 состојки, кои ги спомнувам и во самиот наслов на рецептот, се нешто што секогаш го имам во кујната и се дел од секојдневното домашно мени. А сувиот квасец, ако човек научи да го користи правилно е идеален за брза и лесна подготовка.“ – вели Катерина.

Грахам крекери со зачини и семиња 2

Состојки:

За премачкување и одозгора:

Грахам крекери со зачини и семиња 3

Подготовка:

  1. Во сад ставете ги сите суви состојки и измешајте со помош на лажица.
  2. Додајте ја водата и веднаш потоа и маслото
  3. Замесете убаво изедначено тесто и поделете го на 2 дела. Од секој дел, со помош на сукало направете тенка правоаголна кора со дебелина на бисквита.
  4. Од едната кора исечете ленти, а од другата триаголници. Веднаш ставајте ги во плех за печење, обложен со хартија. Тестото одговара на 2 големи плеха полни со крекери.
  5. Готовите грахам крекери премачкајте ги со матено јајце и поросете со крупна сол по вкус. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, 12 до 15 минути, зависно од рерната. Посакувам добар апетит!

Совети плус:

  • Внимавајте да не ги пресолите со крупната сол.
  • Ако сакате може и да ги замрзнете, ќе бидат одлични и потоа.
  • Формата може да ја менувате по желба.
  • Предлог сос: По желба може да ги послужите со едноставен сос од 3 лажици павлака, 1 лажиче Витанез и 1 лажица кечап и поросено со оригано по вкус од Витаминка.

Препорака од авторот:

Обожавам, брзи, вкусни и лесни рецепти! Па, ако ви се допадна предлоговразгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Крцкави вртени стапчиња со зачини и крупна сол.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: