велигденски јајца со вратоврска

Декорација на велигденски јајца со вратоврска

Овој пат ви предлагаме иновативни велигденски јајца со вратоврска. Денешните модерни трендови и брзи промени, доведоа боењето на јајцата да прерасне во декоративна уметност. Искористете ги старите модни додатоци и без двоумење претворете ги во фантастично креативно дело!

Прекрасна е полната кошничка, нели? Сигурно сте се запрашале, како ли ги прават вака совршени и убави за изглед, а начинот е едноставен и уникатен, а веројатно досега не сте ни помислиле на ваква идеја. Одговорот го имаме ние, само ќе треба да ги припремите соодветно потребните материјали може да започнете со декорација на велигденски јајца со вратоврска.

За велигденски јајца со вратоврска потребно ви е:

  • јајца
  • стари свиленкасти вратоврски
  • ножици
  • бела ткаенина
  • конец или друг помошен материјал за врзување.

Начин на подготовка:

  1. Најпрво подгответе ги вратоврските. Отпарајте ги по средишниот внатрешен дел, а потоа сечете ги на парчиња долги околу 20 см.
  2. Завиткајте ги јајцатата во свиленкастата страна, а потоа заврзете ги со конец или друг помошен материјал.
  3. Откако сте ги врзале сите јајца во парчињата од вратоврска, сите врзете ги едно по едно по бела ткаенина (може да е и кошула). Тоа се прави со цел да се спречи бојата од едно јајце да премине на друго.
  4. Ставете ги јајцата во сад за варење. При тоа внимавајте садот да не биде алуминиумски, може да биде од челик или друг материјал. Во садот ставете ладна вода за да ги покрива јајцата, а потоа додајте 2 лажици бела киселина.
  5. Садот ставете го на оган со средна температура и оставете да се загрее околу 20 минути.
  6. Потоа со помош на кујнски алат, внимателно отстранете ги од водата и оставете ги на решеткаста подлога за да се изладат.
  7. На крај, одврзете ги двата слоеви и погледнете го ефектот.

Крајот е најинтересниот дел, бидејќи прави да се чувствувате како да отворате подароци, а секој од нив е изненадување и не знаете каква е содржината внатре. Бидете уникатни и издвојте се од своите пријателки!

Сподели: