велигденски јајца со салфетка

Decoupage техника за декорација на велигденски јајца со салфетка

Оваа техника која е позната под името Decoupage, претставува начин на декорација на велигденски јајца со салфетка. Креативната Клара ја испроба оваа техника, па ни приложи автентични фотографии од кои само можете да се воодушевите!

Можеби не ви изгледа дека е едноставно, но пробајте, лесно е и интересно. Ви гарантираме дека секој може да направи убаво украсени велигденски јајца со салфетка!

велигденски јајца со салфетка

Потребно е:

  • варени јајца
  • салфетки во различни бои
  • белка од јајце
  • мало четче
  • ножици
  • малку љубов и добро расположение.

Подготовка:

  1. Најпрво, сварете ги јајцата. Варените јајца извадете ги од водата и оставете ги да се исушат. За да ја забрзате постапката, јајцата може да ги избришите со кујнска хартија.
  2. Од салфетките го одделуваме само најгорниот слој.
  3. Со ножичката ја сечиме посакуваната шара.
  4. Белката благо ја разматуваме, само колку да се разбие, но не да запени.
  5. Со четче го премачкуваме делот на јајцето, каде мислиме да ја лепиме шарата. Или, само ја доближуваме шарата до тој дел и врз него нежно нанесуваме со четчето слој од белката, доволно колку само да се натопи салфетката.
  6. Доколку сакате цело јајце да го облепите со салфетка, направете го на истиот начин, само внимавајте да не дојди до преклопување на слоевите кои ќе ги лепите.
  7. Оставете ги јајцата на чинија околу 15-тина минути да се сушат и потоа радувајте се на веселите празници. Лесно и убаво, зарем не?

Автор: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: 7 интересни идеи за бојадисување на велигденски јајца.

Сподели: