декорација на салфетка круна

Декорација на салфетка во форма на круна

Дали сакате вашите гости да се чувствуваат величествено без притоа да ви е потребен црвен тепих? Третирајте ги како кралеви и на сите подарете им круна која сами ќе ја направите. Потребни ви се неколку салфетки и малку време!

Техника за декорација на салфетка во форма на круна

Верувајте многу лесно може да направите декорација на салфетка во форма на круна. Погледнете го видеото, следете ги инструкциите и збогатете ја вашата кралска трпеза.

  1. Може да користите платнени или хартиени салфетки. Најпрво отворете ја салфетката.
  2. Отворената салфетка свиткајте ја дијагонално на половина за да добиете форма на триаголник.
  3. Потоа врвот на триаголниот наместете го да биде на горниот дел.
  4. Двата краеви од салфетката свиткајте ги кон центарот на салфетката, односно кон врвот на триаголникот, така што ќе добиете форма на квадрат.
  5. Долниот дел од салфетката, превиткајте го кон горниот врв и добро притиснете. Потоа уште еднаш превиткајте го долниот дел, но овој пат спротивно кон долната страна, така што ќе се формира мал триаголник.
  6. Потоа внимателно превртете ја салфетката. Левиот крај превиткајте го за две третини кон средината на салфетката. Десниот крај превиткајте го и вовлечете дел кон левиот крај. Убаво притиснете ги краевите.
  7. Потоа, превртете ја салфетката од другата страна и горните краеви извадете ги кон надворешната страна. Вака направената декорација на салфетка во форма на круна, поставете ја врз чинијата и по желба украсете ја со свежо цвеќе.

За најдобро разбирање на техниката, погледнте го видеото, наместете го јадењето на трпезата и забавата може да започне!

Сподели: