салфетки во форма на цвет

Декорација на салфетки во форма на цвет

Збогатете ја вашата трпеза со убаво декорирани салфетки во форма на цвет. Ако ви се наближува некој важен и убав момент од животот, како роденден, куќна слава, именден или сакате да направите нешто убаво за вашите блиски, ви предлагаме да направите лесна декорација на салфетки во форма на цвет кои ќе ја разубават трпезата.

Сѐ што ви е потребно се салфетки во различна боја и малку време, а ви гарантираме дека ќе се забавувате при изработката на вашите мали креативни дела.

Техниката за виткање на салфетки во форма на цвет

Земете една салфетка и отворете ја. Започнете така што краевите на салфетката ќе ги свиткате кон центарот. Потоа, постапката повторете ја уште два пати, со превиткување на краевите кон центарот, исто како и претходниот пат. Пожелно е при секое виткање, да ги притиснувате рабовите, за што подобро да се изрази и задржи формата. Откако ќе ги свиткате краевите, внимателно свртете ја салфетката од спротивната страна и повторно завиткајте ги рабовите кон внатре. Потоа внимателно извадете ги краевите од долна страна кон горе. Постапката повторете ја уште два пати. За најдобро разбирање на техниката, секако погледнете го видео приказот, вежбајте и имајте прекрасни декорации на вашата трпеза.

Сподели: