Домашен сируп од жалфија 1

Домашен сируп од жалфија

Ако барате нешто ново, интересно и здраво кое може да ви помогне да си го подобрите здравјето, нашиот предлог е домашен сируп од жалфија.

Сирупот од цветови од жалфија е најомилен во приморските краеви каде што жалфијата расте самоникнато. Во народната медицина е позната како билка која најдолго се користела како лек. Лековитиот сируп помага за повеќе заболувања, а посебно за оние на усната празнина и дигестивниот систем. За тоа сведочи и нејзиниот латински поим „salvia“, што значи да се „спаси“. Според некои записи, кралот на Франките, Карло Велики  имал строги прописи за одгледување на жалфијата. Имено, тој ја вметнал во една од 72-те билки кои мора да се одгледуваат во сите селски и градски градини.

Домашен сируп од жалфија 2

За подготовка на овај сируп од жалфија најдобро е да ги берете врвовите кои штотуку расцветале затоа што содржат многу активни и лековити компоненти.

Состојки:

  • 300 г цветови од жалфија
  • 50 г лимонска киселина
  • 3 литри вода
  • 2,5 кг шеќер.

Подготовка:

  1. Цветовите и лимонската киселина ставете ги во водата и варете ги додека зовријат. Цветовите оставете ги во зовриената вода 24 часа во поклопен сад.
  2. После 24 часа, сварените цветови процедете ги низ газа.
  3. На процедениот сок додајте му го шеќерот.
  4. Сокот и шеќерот варете ги додека зовријат.
  5. Сокот тргнете го од огнот и додека е жежок налејте го во шишиња и добро затворете ги. Пијте го по потреба со додаток на вода.

Совет плус: Шишињата и тапите претходно треба да се добро стерилизирани.

Ви предлагаме да прочитате: Моќната жалфија е лек за многу нешта.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: