чистење на сува кожа на лицето

Домашен третман за чистење на сува кожа на лицето

Ладното време и сувата кожа се сојузници, кој никој не ги сака. Сигурно и вие сте забележале дека за време на ладните месеци, кожата на лицето ви се суши повеќе. Но, ние имаме решение во полза на убавината. Пробајте го домашниот третман за чистење на сува кожа на лицето.

Природната козметика е апсолутен хит во последно време, но за жал не секој може да си ја дозволи, бидејќи е многу поскапа од вообичаената. За среќа, постојат милион рецепти за природни третмани кои може да си ги направи секој. Често пати, овие домашни третмани се подеднакво ефикасни како и скапите органски препарати. Сѐ што треба да на направите е само да одвоите малку време и да помешате неколку состојки од вашата кујна. Резултатите ќе ве изненадат.

чистење на сува кожа на лицето

Состојки:

  • ½ лупено јаболко
  • ½ чаша јогурт
  • ½ лажица маслиново масло
  • ½ лажица мед.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во блендер ставете ги сите состојки. Измиксирајте ги за време од неколку состојки додека добиете хомогена паста.
  2. Вака подготвената паста нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 5 минути.
  3. Потоа, пастата отстранете ја така што лицето ќе го измиете со топла вода. Тоа е сѐ, лесно зарем не?!

Ви препорачуваме да прочитате: Природна маска за нега на сува кожа од само 2 состојки.

Сподели: