Природна маска за нега на сува кожа од само 2 состојки 1

Природна маска за нега на сува кожа од само 2 состојки

Сувата кожа е секогаш проблематична, а посебно тоа се истакнува кога времето заладува. Во раната есен се појавуваат првите знаци, а со навлегувањето во зимскиот период кожата станува уште полесно иритабилна, се вцрвенува, чеша и на изглед се забележуваат „лишаи“. Лицето и рацете се првата „мета“. Ако се пронаоѓате или познавате некој кој има вакви непријатности, препорачајте му да ја прочита нашата домашна и природна маска за нега на сува кожа од само 2 состојки.

Познаваме повеќе лица, меѓу кои и неколку блиски пријателки кои имаа проблем, но со неколку домашни методи на третирање и природни маски, сега нивните лица и раце имаат одлична мекост. Во друга прилика ќе ги спомнеме и другите маски кои ги применуваме и помагаат, а сега ви откриваме една од нив. Едната од состојките е маслиновото масло, кое сите го имаме во домовите. Другата, е идеално здравото авокадо. Па, еве како да ја направите.

Природна маска за нега на сува кожа од само 2 состојки 2

Состојки:

  • ½ авокадо
  • 1 лажица екстра девствено маслиново масло.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Авокадото измијте го, па излупете го и испасирајте го со виљушка во подлабок сад.
  2. Потоа во додајте го маслиновото масло и добро измешајте за убаво да се соедини.
  3. Маската нанесете ја на чисто и суво лице. Оставете ја да делува околу 15 минути, а потоа лицето измијте го со млака вода и нежно избришете го крпа. Маската нанесувајте ја на лицето еднаш до два пати неделно.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 природни маски од јаболко за здрава, сјајна и мазна кожа.

Сподели: