4 природни маски од јаболко за здрава, сјајна и мазна кожа 1

4 природни маски од јаболко за здрава, сјајна и мазна кожа

Факт е дека не можеме да биде нежни цел живот како кога сме биле деца, но и тоа како може да придонесеме за да старееме убави и да зрачиме со позитивна енергија каде и да одиме! Природната и домашна нега може да помогне во голема мера. Пробајте ги 4-те природни маски од јаболко за лице и уживајте во мекоста и нежноста на вашата кожа! 🙂

Може да ве интересира: Домашен третман со јаболкова киселина против брадавици.

4 природни маски од јаболко за здрава, сјајна и мазна кожа 2

Хидратантна маска за сува кожа на лицето

Сокот од јаболко го балансира производството на маснотии во телото. Од него може да си направите одлична хидратантна маска за лице, која исто така може да се користи и како ексфолијант. За таа цел, исечете едно парче јаболко, од кое ќе го исцедите сокот и ќе го нанесете на вашето лице. Почекајте додека се исуши, а потоа исплакнете го лицето со млака вода.

Едноставна домашна маска против стареење на кожата на лицето

Редовното консумирање на јаболка ги измазнува ситните брчки. Покрај тоа што можете да ги консумирате, за оваа намена можете да си приготвите и маска од изрендано јаболко. Доволно е оваа маска да ја чувате на вас 10 до 20 минути.

Може да ве интересира: 5 намирници за убава кожа.

Маска од јаболко за обновување и заштита на кожата од сонцето

Со ова чудотворно овошје може да третирате дури и изгореници од сонце и да спречите лупење на веќе изгорената кожа. За таа цел, измешајте една лажичка глицерин со едно рендано јаболко. Оваа мешавина нанесете ја на вашето лице и оставете ја да делува околу 15 минути, а потоа измијте ја со ладна вода.

Природна маска од јаболко против акни и флеки на кожата

За таа намена испасирајте ¼ јаболко со малку јогурт. Маската нанесете ја на чисто лице и се оставете да делува 15 минути. Потоа, лицето измијте го со млака вода. Ако имате акни може да исечете мало парче јаболко и да го поставите на болното место. Кога го користите јаболкото за оваа намена, истото чувајте го во фрижидер.

Ви препорачуваме да прочитате: Со јаболко до совршено здрава кожа – 5 придобивки.

Сподели: