Со јаболко до совршено здрава кожа - 5 придобивки 1

Со јаболко до совршено здрава кожа – 5 придобивки

За да го одржиме телесното здравје, да бидеме витки и да зрачиме со чиста и сјајна кожа, експертите препорачуваат секој ден да го започнеме со јаболко. Јаболко на ден и доктор не ви е потребен!

Јаболката е најдобро да се јадат на празен стомак, бидејќи изобилуваат со растителни влакна кои го регулираат варењето и го олеснуваат празнењето на цревата. Јаболкото е богато и со витамини А, Б, и Ц, и со минерали како калциум и фосфор. Во јаболкото има и ензими кои помагаат во разградувањето на целулитот.  А, поради изобилството на витамини и минерали кои ги содржи, исто така е вистински сојузник и на убавината.  Во продолжение ви претставуваме само мал дел од неговата магична моќ за разубавување на кожата.

Со јаболко до совршено здрава кожа - 5 придобивки 2

Јаболкото ја прави кожата посветла и блескава

Ова овошје има потенцијал да ја осветли и смири воспалената кожа, како и да и даде здрав сјај. Тоа е благодарение на колагенот и еластинот кои се содржат во јаболката. Па така, консумирањето на ова овошје ви обезбедува кожа со младешки сјај и совршен тен.

Јаболката имаат тонирачки својства и ја штитат кожата од акни и мозолчиња

Јаболковата киселина е одличен природен тоник за чистење на порите на кожата. Оваа киселина ја стимулира циркулацијата на крвта на површината на кожата и ја регулира pH вредноста. Ова и овозможува на кожата да ја ограничи хиперпродукцијата на сопствените маснотии од кои се создаваат митесери и акни.

Одлично е за хидрирање на сувата кожа и за намалување на ситните брчки

Сокот од јаболко го балансира производството на маснотии во телото. Ја хидрира кожата и помага во зачувување на нејзината свежина и тонус. На тој начин, со секојдневна консумација на јаболко се иситнуваат и ситните брчки.

Јаболкото ја заштитува кожата од сонцето

На изгорените места може да нанесете маска од рендано јаболко, спречува лупење на кожата и ја подобрува нејзината состојба.

Помагаат во превеција на канцер на кожа

Јаболкото содржи мала количина на витамин А, кој игра витална улога во развојот на кожата. Овој витамин придонесува младата незрела кожа, да се развие во зрело и функционално ткиво. Витаминот А исто така, го намалува ризикот од рак на кожата. Едно големо зрело јаболко обезбедува околу 120 меѓународни единици на витамин А и со тоа обезбедува околу 4% од дневните потреби за овој витамин.

Не заборавајте дека за да ги зачуваме нашето здравје и убавина неопходно е да се храниме здраво и нашата секојдневна исхрана да изобилува со овошје и зеленчук, па посегнете по нешто свежо!

Ви препорачуваме да прочитате: Јаболко – хранлива ризница неопходна за добро здравје.

Сподели: