маст од гавез

Домашна маст од гавез против болни зглобови

Ги краси дворите, а може да ви помогне при болни зглобови! Лековитоста на гавезот е позната уште од средниот век. Благодарение на нејзините благотворни својства за лекување на болните зглобови, во последно време оваа билка станува сѐ повеќе популарна и кај нас. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Питсбург ја потврдило народната мудрост. Тие ги докажале придобивките од гавезот во ублажување на симптомите од артритис. Па, ако страдате од болки во зглобите, направете си домашна маст од гавез.

Лековитите лисја и коренот делуваат против воспалително и на тој начин помагаат во заздравување на раните, а корисен ефект имаат и при истегнување на мускулите и лигаментите. Гавезот е богат со алантоин кој ја стимулира регенерацијата на кожата, па затоа често влегува во состав на козметичките средства како природна состојка која е сојузник на здравата и млада кожа.

маст од гавез со маслиново масло

Како да направите домашна маст од гавез?

Најбогатите лековити својства ги содржи коренот на гавезот. Тој се ископува напролет и наесен, а најдобар период се месеците октомври или ноември. Потоа коренот се сечи и суши, и се чува на суво и ладно место. За подготовка на домашната маст од гавез потребни ви се свеж корен и ладно цедено маслиново масло. Маслиновото масло делува како природен аналгетик, кој ги ублажува болките во коските и зглобовите. Токму оваа маст која се нанесува надворешно е најефективен и најдобар начин за употреба на гавезот.

Состојки:

  • 125 грама корен од гавез
  • 20 лажици свинска маст
  • 20 лажици екстра девствено маслиново масло
  • 75 грама пчелин восок.

Подготовка:

  1. Коренот од гавез изрендајте го на крупната страна од рендето.
  2. Во сад на оган ставете ја свинската маст да се растопи. Штом маста се растопи, садот тргнете го од огнот и додајте го коренот од гавез. Садот поклопете го и оставете го преку ноќ.
  3. Наредниот ден садот ставете го на оган за да можи маста да се растопи. Потоа, процедете ја маста. Во процедената течност додајте ги маслиновото масло и иситнетиот восок.
  4. Садот со маслиновото масло и гавезот вратете го на шпоретот, на ниска температура. Мешајте додека восокот се растопи и се добие хомогена смеса.
  5. Садот тргнете го од огнот и оставете го да се излади. Изладената маст од гавез ставете ја во стаклена тегла. Чувајте ја на ладно место и искористете ја во рок од една година.

Ви препорачуваме да прочитате: Природен руски лек против болки во половината и зглобовите.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: