етерично масло од портокал 1

Исчистете го домот од негативната енергија со етерично масло од портокал

Ви предлагаме еден едноставен метод за отстранување на негативната енергија од домот и негово повторно претворање во  пријатно и опуштено катче за убави моменти во животот. Со етерично масло од портокал тоа е можно лесно и брзо!

Кога ќе пробудите или пак кога ќе се вратите од работа, се очекува дека обврските завршиле и тоа треба да бидат убави релаксирачки моменти од денот или неделата. Но, ете, некогаш се случува да се чувствувате угушено, како работите да се надвор од контрола. Затоа, пробајте го нашиот метод, кој проверено функционира.

етерично масло од портокал 2

Освежете го домот со етерично масло од портокал

Прекрасниот свеж мирис на портокал потсетува на сонце, радост и позитивни нешта, така што не само што ќе го исчисти домот од негативните вибрации, туку ќе ви го поправи и расположението.

Како да го постигнете тоа? – Само растворете неколку капки етерично масло од портокал во вода или капнете во навлажнувачот за воздух. Промената ќе ја почувствувате за само неколку минути!

Ви препорачуваме да прочитате: 4 начини како да имате убав мирис во домот.

Сподели: